Македонија
(Видео) Кузеска: СДСМ нема да дозволи деструктивноста на Мицкоски и неговите блокади да ја закочат државата
Во време на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи ефикасни решенија за граѓаните, Христијан Мицкоски најавува нови блокади. Наместо како институција за креирање подобри закони во секојдневната борба за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го користат македонското Собрание за блокади. Ова покажува дека деструктивноста на Мицкоски и неговата политичка инструментализираност како послушик на Никола Груевски нема граници, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа додаде дека законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се само дел од десетиците закони во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето на минималната плата беше против воведување поврат на ДДВ за физички лица, беше против петтиот пакет финансиска помош за граѓаните и компаниите, блокираше средства од Светска банка за борба против пандемијата од Ковид-19.
Кузеска истакна дека Мицкоски е целосно и апсолутно незаинтересиран за кој било реален проблем на граѓаните, во паметот му е неговата партиска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и својата политичка агенда. Со најавите за уште поголеми блокади, Мицкоски не го блокира СДСМ, не ја блокира Владата. Мицкоски не му носи штета на СДСМ ниту на Владата.
Обврска на СДСМ како одговорна, државотворна партија, заедно со мнозинството кое го предводи е да не дозволиме уцените и личните хирови на Мицкоски да нанесат штета врз државата и народот.
СДСМ останува отворен за сите добронамерни конструктивни предлози, но со сите демократски и разумни методи ќе се спротивстави на блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски.
СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ, истакна Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

