Македонија
(Видео) Ласовска: Лажна вест е дека Рашела Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари
„Лажна вест и ширење лажни вести е дека техничката министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, изработувала семинарски трудови за пари. Власта е во паника, на ‘Бихаќска’ се свесни дека на 12 април граѓаните ќе ги поразат нивните погубни политики кои за овие три години на државата ѝ нанесоа несразмерна штета“, изјави Благица Ласовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, „со очајнички обиди и лажни вести Костадинов се обидува да ја продолжи политичката кариера на неговиот ментор, Зоран Заев кој ја уназади Република Македонија“.
„Во СДСМ сè повеќе и повеќе се уплашени, лажните вести нема да им помогнат, исплашени се од откривање на нивните криминали и негрижата за граѓаните, негрижата за сите оние кои ги заборавија изминатите три години. Нема да спречат ниту еден од техничките министри и дополнителните заменик-министри да си ја вршат својата работа, да ги истражат сите нерегуларности и криминали на власта на СДСМ. Нема да ги спречат да работат чесно и достоинствено во служба на граѓаните.Казната за криминалот и корупцијата, за поразите кои ѝ ги нанесоа на државата пристигнува набрзо, граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и неговата криминално-рекетарска банда. Македонските граѓани ќе ја изберат обновата на Македонија“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

