Македонија
(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки
Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом.
На третиот ден од протестите против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија околу Собранието се распоредени многубројни полициски сили, а некои од демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, пееја патриотски песни и бараа оставки од власта.


Претходно, групата демонстранти се проби во дворот на Владата.
Скандираа „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.
Некои од нив се судрија со полицијата, која постави коридон пред зградата на Владата, кога ја пробија заштитната ограда.
Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“. Алабаковски, кој беше обвинет за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, симболично запали хартија на која пишуваше „Преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

