Македонија
(Видео) Лефков: Бисера купувала карти за Дубаи од 3.000 евра како за службено патување, а потоа не одела
Eкс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во 2022 купила три авионски карти за Дубаи и кога требало да замине на пат, не отишла, обвини денеска Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со секој нов скандал на Бисера Антоанета и начинот на кој ги трошела парите, си го поставуваме прашањето – Имала ли чувство на одговорност и грижа на совест? По сите скандали што ги направила очигледно не. Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата планета. Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала. На 05.02.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци. Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок? 3000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се 5 денари“, изјави Лефков од партискиот штаб.
Тој за утре најави нови детали и нови патувања платени, а потоа не реализирани и откажани без образложение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво

