Македонија
(Видео) Лефков: Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата „Броило“ и соларен картел тежок 26 милиони евра
„Аферата ‘Броило’ на Ковачевски зазема димензии од десетици милиони евра кога дезертерот Ковачевски доаѓа на позицијата премиер. Денес објавуваме нови сознанија која е основата на соларниот картел создаден преку исклучителна трговија со влијание злоупотребувајќи државни позиции и функции“, рече на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Лефков вели дека „сомневањата се оти Ковачевски и кумот формирале приватна фирма за производство на фотоволтаици за да ѝ продаваат на државната ФЕЦ ‘Осломеј’. Односно, кумот и Ковачевски формираат компанија, а државата обезбедува милионски бизнис“.
„8 месеци по седнувањето на Ковачевски на премиерското столче, на 24.8.2022 година, од него основаната ‘Пиксел груп’, основа фирма за изградба на фабрика за фотоволтаични панели во ТИРЗ ‘Тетово’ заедно со бугарската фирма ‘АЕ солар хорајзон’ од Софија, со име ‘АЕ солар’ АД Тетово. ‘АЕ солар’ АД Тетово, според написите во медиумите, е инвестиција во висина од 54 милиони евра. Во неа уделот на фирмата основана од Ковачевски е 40 %, делот што таа според ова ќе го инвестира во фабриката е 21,6 милион евра“, рече Лефков.
Тој посочи дека „за извршен член на одборот на директори е именуван кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, а за неизвршен член на одборот на директори, Мирјана Паунова, негова сопруга, кума на Ковачевски“.
„Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата ‘Броило’ и соларен картел тежок 26 милиони евра. Тој нема повеќе легитимитет да ја извршува премиерската функција и треба веднаш да си поднесе оставка“, потенцира Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.