Македонија
(Видео) Лефков: Лично Ковачев го поздрави Пендаровски за неговиот став дека Делчев се изјаснувал како Бугарин, а Стево му се заблагодари
„Стево Пендаровски ги сруши Македонските позиции и ја понижи нацијата кога кажа дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Стево Пендаровски беше поздравен и охрабрен за овој свој став лично од Андреј Ковачев. За разлика од поддршката за Пендаровски, Ковачев го нападна претседателот Мицкоски затоа што го повикал Стево да се повлече од тие негови ставови“, рече Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„И наместо да се срами од поддршката на Андреј Ковачев, Стево Пендаровски лично се пофали дека имал директна поддршка од Андреј Ковачев, како што тој самиот вели „евродепутатот од ГЕРБ”. По што Андреј Ковачев уште еднаш го поздрави, пофали и охрабри.
Ова покажува кој ги урниса македонските позиции, и зошто Македонија е понижена и блокирана.
За разлика од Стево Пендаровски и СДС, ВМРО-ДПМНЕ е на линија на македонските национални интереси.
Лично Стево Пендаровски и СДС истапија со тезите на најголемите бугарски шовинисти, тези кои никој во Бугарија не верувал дека ќе бидат прифатени од било кој македонски политичар, и кои се граничат со научна фантастика и до пред доаѓањето на Пендаровски и СДС им служеле само за домашен фолклор.
Стево Пендаровски ја носи Македонија само во нови понижувања и мизерни ситуации. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДС и дали, покрај Димковски, профитирал и Љупчо Николоски, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, со секој изминат ден криминалните структури на СДС се повеќе излегуваат на површина.
Случајот со државните стокови резерви, како што велат од оваа партија, ја покажа целата нечесност и криминогеност на кадрите на СДС, кои лична корист се спремни да го жртвуваат дури и лебот на народот.
„Во последната акција на истражните органи, заедно со уште четири службени лица, опфатен е Трајан Димковски, дел од раководните структури на СДС кој е поранешен министер и заменик министер за земјоделие, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски.
Димковски се товари дека во периодот од 2019-2021 година, заедно со другите службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра.
До владата, Димковски поднел записник дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а владините претставници како Филипче, Заев и Николовски го донеле заклучокот на владина седница.
Не само што не провериле пред да се донеси заклучокот на владината седница, туку истите овие лица знаеле дека нема законска основа да се зема предвид тој период, затоа што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираната пченица и јачмен, а до 2019 се правеле редовни контроли каде не бил констатиран кусок“.
Со други зборови, појаснуваат од партијата на власт, пченицата била отпишана, иако постоела и била употреблива, а кусокот, веројатно, бил за периодот од 2019 до 2021 година.
Вреди да се напомни, додаваат од оваа партија, дека тој период се поклопува енергетската криза и со корона периодот, каде цените на храната вртоглаво растеа, и затоа јавноста заслужува да знае каде завршиле овие 2.000 тони јачмен и пченица.
Прашуваат, дали е точно дека завршиле на црниот пазар во некоја од соседните држави и дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, профитирал од овој криминал врз грбот на граѓаните, па за тоа сега е гласен во јавноста исплашен од одговорност.
„Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност и целосно расветлување на случајот. Секој кој профитирал врз грбот на граѓаните да сноси одговорност и СДС да престане да ги брани криминалците од своите редови“.
Македонија
СДСМ: Владата намерно не бара екстрадиција на Груевски
Владата призна дека нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, велат од СДСМ.
Ова признание, според нив е директна потврда на сè што имаат кажано.
„Признанието го руши секој нивен изговор и ја открива вистинската врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Владата на Мицкоски е заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија.
Од Будимпешта Никола Груевски е вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е само негов извршител“.
Тоа како што додаваат од опозициската партија, се гледа и по политичките чекори кои ги презема, злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, АНБ, УЈП, инспекции.
„Напад врз независни институции, политичка хајка против опозицијата, меѓународна изолација, блокирани реформи, намалување на слободата на медиумите. Копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски.
СДСМ ќе се спротивстави на овие обиди Македонија повторно да биде заложник на Никола Груевски и на ретроградни политики кои граѓаните ги поразија“.
Македонија
За хаосот со пензиите единствена вина има владата на Мицкоски која ги излажа пензионерите, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг, велат од СДСМ.
„Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле.
Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите?
Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а немаше да го доведе под прашање одржливоста на Фондот каде дупката е над 1 милијарда евра.
Дополнително, ДПМНЕ исклучи 12.000 пензионери од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување“.
Во меѓувреме како што велат, има Одлука на Комисијата за заштита од дискриминација, која потврдува дека е сторена дискриминација и даваат рок за да направат измени на Законот кој се уште не е поднесен.
„Веќе има и судски тужби кои ќе ја чинат државата многу. Со катастрофално лошите политики на ДПМНЕ дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милијарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Ова е реалноста а се друго е спин од страна на власта“, според СДСМ..

