Македонија
(Видео) Лефков: Судството и обвинителството се урнисани, таму кај што застана Заев, продолжи Ковачевски
„Судството и обвинителството во Македонија се урнисани, или со речникот на Зоран Заев тие се отворени како пупка. Последните примери со судските и обвинителските состојби покажуваат дека таму кај што застана Заев, продолжува и Ковачевски. Клиентелизмот и корупцијата во правосудството ескалираат и затоа недовербата во овие институции е 92%. Наместо борба со криминалот, гледаме борба која институција ќе го заштити и ќе биде патрон на криминалот“ вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Лефков вели дека „поразителни се податоците дека се реализирани само 20% од годишната стратегија за борба против корупцијата. Ова покажува дека власта на Ковачевски нема волја да се справува со овој проблем. Во Македонија највисоките функционери во правосудството се бираат од партиските албуми. Таков е случајот и со Обвинителството за гонење на организиран криминал, таков е случајот и со Судскиот Совет. Токму оваа последната институција која треба да избира, оценува и разрешува судии ја води кадар кој од приправник во суд, без ден стаж како судија, само поради фотографии со Заев се дограби до висока позиција“.
„Ете затоа во Македонија нема право и правда. Ете затоа во Македонија има скандалозни судски одлуки. Ете затоа странски тимови доаѓаат да се борат со криминалот и корупцијата. За сето ова одговорноста е кај СДС и ДУИ кои градеа кариери и дојдоа на власт со паролата „Нема правда, нема мир“, а всушност работеа на партизација и девастација на судството. Целта е јасна, го заробија правосудството за да може непречено да тече криминалот на функционерите на власта“ вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

