Македонија
(Видео) Лефков: Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко ѝ
„Грдото лице на власта на СДС и ДУИ, Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко и. Не поминуваат изговорите кои Филипче ќе ги каже и ги кажуваше во минатото, дека тој немал врска со тендерите, туку Клиниката. Филипче како министер можеше да ја разреши директорката на Хематологија Ирина Пановска, доколку навистина сакаше да ги спречи тендерите од ќерка на татко“, рече Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„Филипче не само што не ја разреши, туку со своето недејствување и ги аминуваше милионските тендери од Клиниката за Хематологија каде директор беше ќерката Пановска, кон Веледрогеријата Др. Пановски на таткото Пановски.
По неколку милиони секоја година завршуваа од сметката на Клиниката за Хематологија на сметка на Др. Пановски. Тоа е грдото лице на власта на СДС и ДУИ, тоа е причината за која Филипче стана претседател на СДС. Кога ќе биде прозван за одговорност или ќе биде поведена постапка против него, да се вади на политички притисок и со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе може да се повтори шемата со Пановски и ним сличните.
Филипче се преиграл во пресметките. Ниту од одговорност ќе може да се избега, ниту пак народот ќе му даде шанса пак да го краде“, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

