Македонија
(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација, која ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери и која денес учествува на активностите по повод чевствувањето на Св Кирил во Рим, кое се одржува по 52-ри пат. Во состав на државната делегација, како преставици од Владата, се и заменикот министер за култура Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за надворешни работи, Виктор Димовски и претседателот на комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски.

Активностите на официјалната државна делегација започнаа рано наутро, со присуство на молебен во чест на Св. Кирил и Методиј, во базиликата „San Clemente“, со која чиноначалствуваше Неговото блаженство митрополит скопски, ариепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, по што положи свежо цвеќе на гробот на Свети Кирил. На молебенот присуствуваше и официјална делегација од Република Бугарија, а официјалната делегација од Северна Македонија ќе присуствува на молебенот кој ќе го одржат свештеници од Бугарската православна црка во попладневните часови.

Во рамките на активностите поврзани со одбележувањето на денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, државната делегација присуствуваше и на аудиенција кај светиот отец, поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско, по што оствари средба со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. На средбите беа потврдени силните врски помеѓу нашата земја и Светата столица на Католичката црква, токму низ инспиративното и благородно дело на Светите браќа Кирил и Методиј. Воедно претседателот на Собранието Џафери и вицепремиерот Анѓушев ја изразија благодарноста за апостолската посета на папата Франциско на земјава и за пораките што тој ги упати до светот и кои наидоа на огромен интерес на светската јавност, при што беше извршена голема промоција на нашата земја во светски рамки.

„Во рамките на само еден месец, остваривме втора средба со папата Франциско, со што симболично се покажува посветеноста на Ватикан за поддршка на процесите кои се случуваат во Република Северна Македонија. На заедничката средба со папата Франциско и на средбата со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, ја искажавме благодарноста за остварената посета, со која се даде визибилост на нашата држава и се искажа поддршка на процесите кои се случуваат во земјата. Од страна на Паролин, кој практично е премиер на Ватикан, е искажана подготвеност од страна на Ватикан за поддршка за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија, при што потенцирано е дека позитивниот дух, унапредувањето на демократијата и соживотот, како и градењето на добри односи со соседите се клучни за нивна имплементација“, изјави Анѓушев по аудиенцијата кај папата Франциско и средбата со државниот секретар Паролин.
Активностите на државната делегација продолжуваат и во попладневните часови, а одбележувањето на денот на сесловенските просветители ќе заврши во вечерните часови со културно уметничка програма во организација на Министерството за култура и музички настап на Весна Ѓиновска Илкова и Дино Имери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево
Од 06:50 ч., воведена e забрана за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Слаб снег провејува на П.Шапка кој во мометов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска врнежи од дожд и од снег на планините
Под влијание на циклонска активност, денеска ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег, информира УХМР.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см.
Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.
Во Скопје, денеска ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа ќе биде стабилно со пониска утринска температура.
Македонија
По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во услови на, како што рече, „град на раб на финансиски колапс – празна каса, блокирани сметки, јавни претпријатија со неисплатени плати, систем без дисциплина и долг од речиси 300 милиони евра“.
„Тотален колапс! Институции што одамна престанале да работат во служба на граѓаните“, наведува градоначалникот, додавајќи дека добил доверба од граѓаните и дека „таа доверба нема да биде изневерена“.
Според него, за три месеци се намалени обврските за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивни трошоци и воведување финансиска дисциплина, а стабилизирана е и исплатата на платите во јавните претпријатија.
Ѓоргиевски информира дека биле отстранети над 600 фиктивно вработени кои со години земале плата без да доаѓаат на работа, како и дека е спроведена акција за чистење во која, како што наведува, учествувале над 2.500 луѓе, стотина возила и биле отстранети повеќе од 4.500 тони отпад за 72 часа.
„Скопје повторно почна да дише“, наведува тој.

Градоначалникот посочува дека се деблокирани клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои клучката кај „Момин Поток“, булеварот „Македонија“ со подземната сообраќајница, улиците „Љубљанска“ и „Перо Наков“, како и реконструкцијата на „Фрањо Клуз“.
Почнува изградба на нови кружни текови, булевари и монтажни катни гаражи, како и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“.
Во делот на јавниот превоз, наведува дека со поддршка од Владата се работи на модернизација со нови еколошки автобуси и проекти за современ транспорт.
Ѓоргиевски информира и за уредување нови зелени површини, расчистување на Вардариште, изградба на Луна парк, како и за набавка на нов мебел, компјутери, интерактивни табли и прочистувачи на воздух за средните училишта. Посочува дека Скопје останува Европска престолнина на културата 2028.
Во обраќањето тој наведува дека буџетот за 2026 година е повисок и развоен, со рекордни капитални инвестиции во образование, култура, инфраструктура и животна средина.
„Наследивме долгови, но градиме стабилна иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме систем и ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта и достоинството“, наведува градоначалникот.
Ѓоргиевски упати благодарност до Советот на Град Скопје, до својот тим и до премиерот Христијан Мицкоски, наведувајќи дека „со дела, како никој во минатото покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и вистинска поддршка за Скопје“.

