Македонија
(Видео) Манчевски: Македонија сигурно чекори напред, станува член на глобалното семејство

„Овие денови бевме сведоци на големи успеси. Се надевам дека сето тоа ќе се валоризира и на референдумот кој ќе биде на есен, на којшто граѓаните ќе си го кажат своето мислење и ќе потврдат дека Македонија многу брзо чекори напред“, рече синоќа во Струмица, Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на големата граѓанска прослава „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“.
Тој нагласи дека верува оти Македонија многу брзо ќе стане членка и на НАТО и на ЕУ.
„Со овој чекор“, како што изјави тој, „сите вековни страдања, и ризици за постоењето на државата, македонскиот јазик и народ, еднаш засекогаш ќе бидат затворени, а Македонија ќе стане член на глобалното семејство каде што припаѓаме и каде што ние ќе ги носиме одлуките“, изјави министерот Манчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до утрово во 07:00 часот, два од нив сè уште се активни, два се ставени под контрола, а останатите 27 се изгаснати.
Активни пожари и натаму има во атарот на селото Виниче, во општина Гази Баба, каде е зафатена нискостеблеста шума, како и на Кожуф планина кај селото Петрово во општина Гевгелија, каде што гори букова шума.
Под контрола се пожарот на депонијата „Дрисла“ во општина Студеничани и пожарот на депонијата „Острец“ во Делчево, каде што горел отпад.
Останатите пожари, кои беа зафатиле различни типови нискостеблеста вегетација, грмушки, трски, стрништа и депонии во повеќе региони од државата – меѓу кои Скопје, Битола, Крушево, Струмица, Струга, Дебар, Кичево, Куманово и други општини – биле изгаснати.
Македонија
„Влен“: Зделките на ДУИ со Левица нема да ги спречат промените во Струга

„ДУИ ја стави Струга на продажба, здружувајќи се со Левица на Апасиев за да ја спречи победата на Менди Ќира“, велат од „Влен“.
„Кандидатурата на Мојсовска е срамна зделка, наместена за да се одржи во живот една скапана власт што стружани ја отфрлаат.
Ова не е прв пат ДУИ да се ценка со Левица: од Скопје и Велес, до споменикот на Андон Лазов Ќосето во средината на главниот град, секој пат кога граѓаните ја платиле цената за овие валкани зделки.
Но, овој пат, Струга нема да стане жртва. На 19 октомври, стружани ќе го имаат последниот збор: Струга не е на продажба, Струга е ослободена. Со нивниот глас, ќе се затвори едно поглавје и ќе се отвори нова, чиста и чесна ера, со Менди Ќира“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе биде пример за домашните судови како да постапуваат во однос на загадувањето, пишува „Дојче Веле“.
„Секоја вечер Струга мириса на запалена депонија! Дишеме отрови, а институциите молчат“, вели струшкиот адвокат и граѓански активист, Глигорие Ќатоски, којшто изминатиот период тропнал на повеќе врати со барање одговор, но и конкретни мерки од институциите во Македонија против загадувањето во градот во којшто живее и работи.
„Поднесовме и писмена пријава во Општина Струга, МВР и Државниот инспекторат за животна средина, со која баравме да се утврди кој е точно изворот на загадувањето – дали е предизвикано од човечки фактор или атмосферски влијанија и кои конкретни мерки се планира да бидат преземени од страна на надлежните“, вели тој за ДВ, потенцирајќи дека жителите во градот на Дрим заслужуваат да дишат чист воздух.
Ова не е прв аларм за загадувањето во градот, каде изминатиот период се бараше чаре или од чадот на дивата депонија, или од палењето на трските, или пак од пожари во планинските места. Граѓаните постојано алармираат, но велат дека наидуваат на ѕид на игнорирање, не само од општината, туку и од надлежните органи, како Министерството за животна средина.
Целиот текст на линкот.
Прочитај и: Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат