Македонија
(Видео) Маричиќ отвори нов воспитно-поправен дом во Тетовско, со вредност од четири милиони евра
Министерот за правда Бојан Маричиќ и неговиот заменик, Агим Нухиу, заедно со амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија, г. Дирк Јан Коп, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани, и директорот на Управата за извршување на санкциите Марјан Спасовски, беа во увид на градежните работи на новиот Воспитно-поправен дом во тетовското село Волковија.
Станува збор за нов објект на воспитнопоправниот дом во кој ќе бидат сместени малолетни штитеници. Со подобрените услови, надлежните очекуваат значително да се подобри грижата, ресоцијализацијата и рехабилитацијата на децата-штитеници.
Вкупната вредност на изградбата на ВПД Тетово изнесува 253.582.000 денари, што е околу четири милиони евра.
Воспитно-поправниот дом претставува целосно нов комплекс на објекти со површина од околу 16.000 м2, ограден со безбедносна жичена ограда, шеталишта, спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет. Целосно се исполнети условите за самостојно функционирање на установата и тоа:
- Три објекти за сместување во отворени одделенија и одделенија за засилен надзор, со површина од 1.920 м2;
- Покрај сместувачките објекти изграден е административен блок со површина од 1.603 м2, во чии рамки е приемното одделение, одделение за посети, амбуланта за општа медицина и стоматологија, кујна, трпезарија, перална, едукативно одделение, повеќе наменска спортска сала и административен дел за вработените во установата;
- Објект со две работилници и гаражи за работно ангажирање на штитениците.
Оваа установа која наскоро ќе биде ставена во функција ги задоволува сите европски стандарди за сместување и работа со деца во судир со законот. Отпадните води целосно се прифаќаат и се одведуваат до пречистителна станица.

Изградена е котларница која за погонско гориво користи лесно масло, наменета за затоплување на просториите, како и соларни панели на секој објект.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

