Македонија
(Видео) Милошоски бара вештачење на телефонот на Заев
Врз основа на исказите што се добиваат од случајот „Рекет“ во судницата, МВР и Обвинителството за борба против организиран криминал без разлика до каде стигнале со вештачењето на телефоните на Боки 13 и Зоки Кичеец, да почнат да го вештачат телефонот на господинот Зоран Заев што го користел во периодот кога имал интензивни средби со Боки 13, побара Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, изјавата дека Зоран Заев во 1ТВ телевизијата, за чиешто нелегално финансирање знаел и соучествувал, според досега добиените снимки, на 3 април 2019 година го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото, во коешто најверојатно Зоран Заев бил главата на оваа рекетарска шема. Сметаме дека господинот Зоран Заев конечно треба да се врати таму од каде што почна пред да биде премиер, а тоа е во судските клупи. За да може да го даде својот скромен придонес во разоткривањето во шемата за рекетирање на приближно 20 милиони евра од повеќе стопанственици во Република Македонија“, рече тој.
Според Милошоски, зачудува и тоа што ако Зоран Заев навистина го пријавил случајот за којшто нема записник во обвинителството на 22 април, прашање е зошто молчел од 3 април кога го предупредил Боки 13 до 22 април.
„Тоа отвора дилеми дека Зоран Заев не само што бил глава на рекетарската шема, туку бил и главниот бранител за тоа како од него ангажираните рекетари да ја менаџира штетата и да гледа да ги заштити во рамките на неговото влијание во обвинителството и судството.
Така што ова се нашите барања до господиниот Наќе Чулев и до обвинителката Вилма Русковска да почнат да го вештачат телефонот и комуникациите на господинот Зоран Заев од периодот март, април и мај 2019 година“, рече Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

