Македонија
(Видео) Мисајловски: За да почнат промените во Македонија, потребна е масовна поддршка за Силјановска-Давкова
„Денеска сме повторно во Куманово, со нас е и нашиот технички министер за труд и социјала Ѓоко Велковски, но и кандидати за пратеници, добри луѓе од Куманово. Овде сме со повозрасните денеска да се видиме на оваа средба со пензионерите и да ги слушнеме нивните маки се разбира. Колку што може да слушнеме од секој еден од нив е дека последните 7 – 8 години навистина тешко се живее, дека оваа власт апсолутно не обрнува внимание на нивните проблеми. Како што спомена министерот многу е тешко да се издржи целиот месец со малите пензии“, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.
„Сакам да ги повикам сите граѓани за да почнат промените во Република Македонија денот за промени е 24 април. На 24 април масовно и сплотено со поддршката за Гордана Силјановска Давкова започнува македонската револуција односно народот да се сплоти и да го започне првиот круг за избор на новата претседателка, а тоа е нашата професорка, а потоа на 8 мај да ги повикам уште повеќе, уште позасилено да направиме историја и да стигне нова влада, бидејќи таа нова влада ќе има обврска да ги зголеми пензиите и да направи на овие прекрасни луѓе еден подобар и подостоинствен живот за сите не само тука во Куманово, туку насекаде во Македонија“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

