Македонија
(Видео) Мисајловски: За два месеца 6.000 вработени административци, а само 536 во Македонски шуми
Во изминативе неколку години, а со исклучително засилено темпо во изминатите неколку месеци се случува процес на оптоварување на државните институции со огромен број нови вработувања, што се извор и жариште на нов непотизам спороведуван од власта, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Само во последните два месеци, откако е договорен датумот за избори, 12 април, во администрацијата на сите нивоа во државата се вработени преку 6.000 нови административци. Над 6.000 луѓе само во ноември и декември, без огласите распишани овој месец. Овој месец е распишан оглас за 536 нови работни позиции во Македонски шуми“, рече Мисајловски.
Претходно, додаде тој, имаше огласи за стотици нови вработувања во ЕЛЕМ,во МЕПСО, во Царина, во Градот Скопје со нивните јавни претпријатија.
„Ова почитувани значи отворена корупција, отворено купување гласови, но и знак дека власта знае дека ја чека пораз и затоа крши закони. Ова е игра со граѓаните, игра со чувството и потребата на човек за да работи и заработи. Ова е залажување на граѓаните кои се во незавидна положба да прифатат вработување на определено време, со надеж, дека ќе бидат вработени и трајно доколку го поддржат тој што овие три години ги држи во таква незавидна позиција. Ова е класична корупција, но и партизација, политизација на администрацијата, за што укажува и Европската комисија во своите препораки“, рече Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

