Македонија
(Видео) Мисајловски: Нема вакцини, а власта турка попис
Нема вакцини, граѓаните се премногу загрижени поради секојдневните бројки, а власта почнува да спроведува попис, изјави од Чаир потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Во скопската општина тој се сретна со граѓани на отворено, при што изјави дека иако масовните собири се спречени, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и мора да го слушне тоа што го говорат граѓаните.
„Важно е да разговараме за здравството, важно е да разговараме за оние проекти што се ветени, а ги нема. Доаѓаат локални избори, а Чаир е често заборавено место во Скопје и многу малку се работи и гради. Затоа да ги слушнеме сите проблеми, знаме дека и пензиите се најавуваше дека ќе бидат зголемени, но тоа не се случи, капитални проекти се зборува дека постојано ќе се гради нешто, но ништо не се случува, Клинички центар се најавува 4 години, ни тоа нема, реформи се најавуваат во правосудството, но ги нема, вакцини нема, здравството е во колапс. Нема сфера каде што оваа власт не потклекна на сите очекувања дека ќе блескаат и ќе има реформи“, изјави Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

