Македонија
(Видео) Мисајловски: СДСМ не може да нè однесе во ЕУ, оваа тендер-влада е криминална
ВМРО-ДПМНЕ повторно е меѓу граѓаните, како што најавивме, повторно сме на терен.
Денеска имаме можност да бидеме во Чучер Сандево да разговараме со граѓаните, да направиме средби и со нашите општински комитети, не само тука, насекаде во Република Македонија и да го слушнеме нивното мислење, односно граѓаните да кажат што точно ги засега од политичката ситуација, кои реформи се најмногу потребни за нив и кои проблеми се оние коишто навистина ги засегаат, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека Владата на чело со Зоран Заев не прави апсолутно ништо во никој домен.
,, Оваа тендер-влада најмногу ја засега како да ги намести тендерите, како да направи нови фирми за десетина дена да добијат нови тендери, како да ги поделат парите на граѓаните меѓу нив, односно се зацртани како да ја украдат Македонија. Може да видиме дека со нивни празни фрази, кои повторно и секојдневно велат дека се за Европска Унија, но не може да видиме европски принципи. Не можеме да видим морални принципи.
Овие луѓе не можат да нè однесат во Европската Унија и во НАТО. Нам ни требаат темелни реформи, граѓаните тоа го заслужуваа. Затоа ние ќе бидеме постојано со граѓаните, ќе го слушнеме нивниот глас и тоа ќе ни биде навигација во наредниот период. Секогаш тоа ни било, но ќе останеме на таа лента. Она што граѓаните најмногу ќе ги засега, тоа ВМРО-ДПМНЕ постојано ќе го работи, ќе го прави. Ние во овој момент ќе правиме и огромна програма за она што навистина граѓаните ги засега и ќе излеземе со решение за граѓаните.Гледаме дека оваа влада, за жал, ја тоне Република Македонија на секое поле. Оваа влада мора да си замине што побргу, реформи очекуваат сите граѓани, но, за жал, може да видиме дека секој ден го допираме дното”, рече Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

