Македонија
(Видео) Митева: Ако Ковачевски не знае што значи шовинизам, спремни сме да му помогнеме
„Нивото на шовинизам кон жените во политиката почнува да станува токсично со СДС. Но, нивната екстремна вулгарност веќе никого не изненадува. Ако Ковачевски не знае што значи шовинизам, спремни сме да му помогнеме – во оригиналната смисла на зборот, шовинизмот е екстремен патриотизам и национализам и агресивно верување во националната супериорност и слава, особено кога таа пристрасност вклучува злоба и омраза кон соперничките групи“, рече денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа посочи дека „тесно поврзано со шовинизимот е и мизогинијата за која сме сигурни дека Ковачевски никогаш не слушнал за оваа предрасуда. Ковачевски и СДС редно е да научат дека мизогинијата може да се манифестира на повеќе начини вклучувајќи ја и половата дискриминација, оцрнувањето на жените, насилството врз жените и сексуалната објективизација на жените. И ова се најточните дефиниции што го опишуваат однесувањето на Ковачевски кон пратеничка во Собранието“.
„Неговите зборови се директни навреди што не му прилегаат никому, а најмалку на премиер. Ковачевски уште еднаш покажа дека не е достоен за позицијата што во овој момент како поставен таму ја извршува. Очекуваме и од другите фактори, од политичките партии и меѓународните организации, најостро да го осудат ваквиот начин на дејствување, со што би се спречиле идни вакви дејства. Дејствувајќи во рамките на нашата заедничка улога, веруваме дека насилството врз жените повеќе не може да се смета за приватна работа, напротив, сите имаме обврска преку сеопфатни и интегрирани политики да го спречиме насилство во секоја форма! Најмалку што може да стори Ковачевски е да се извини јавно!“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

