Македонија
(Видео) Митева: Власта да одговори до каде е дијалогот со СОНК
Власта ја исполни својата цел по многубројните притисоци, наставниот кадар почна со настава, но одговор за тоа до каде се преговорите со СОНК сè уште нема. Стана јасно за методите на власта уште во моментот кога беше поставен помирувачот. Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика Тренчевска и тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски. Владата успеа да го стави СОНК во подредена положба, а наставниците да ги деградира и понижи, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Митева истакна дека по бројните закани кои владата ги упати кон СОНК, а истите не успеаја да ги предомислат наставниците, сепак владата изнајде начин како да го запре штрајкот повикувајќи се на Законот за мирно решавање на споровите. Власта брутално го уништи достоинството на наставниците во моментот кога се закануваа дека ќе ги загубат своите работи места, дека ќе се најде нивна замена, дека платите нема да им бидат исплатени во целост, за само еден ден по тоа да дава поддршка и благодарност до наставниот кадар. Доколку владата навистина сакаше да го реши спорот по пат на медијација тогаш тоа можеше да го стори уште пред да почне штрајкот или многу брзо по започнување на штрајкот.
Власта е должна на јавноста да ѝ одговори што се влегло во т.н. преговарачка рамка, а не да се надева дека јавноста ќе заборави и нема да има потреба од дополнително информирање.
Митева додаде дека измама и злоупотреба на наставниот кадар нема да дозволат и побара од владата да одговори до каде е дијалогот на власта со СОНК?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

