Македонија
(Видео) Митева: Дуото Ковачевски овозможи за 12 дена трговци да заработат над 610.000 евра преку продажба на евтина струја
„Дуото Ковачевски во ек на енергетска криза ги пљачка граѓаните и продава евтина струја произведена во Македонија на трговци кои потоа ја препродаваат за големи заработки. Во два наврати АД ЕЛЕМ за период од 13-ти до 19-ти август и од 20-ти до 26-ти август продава 3.500 MWh електричен енерген по цена од околу 300 евра, а во исто време цената на струјата на берза достига и над 600 евра за МWh“ посочи на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Митева соопшти дека „во периодот од 13.08 до 19.08 1.750MWh се продадени по цена од 277 евра за МWh. Во исто време, цената на берза достига до 467 евра по MWh. Разликата односно заработка која некој трговец си ја ставил во џеб е 260.260 евра. Имено, преку резултатите од продажба на ЕСМ може да се види дека како купувач на струјата во овој период се јавува фирмата ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ. Она што фрла сомнеж е профилот на лицето Виктор Делов на социјалната мрежа LinkedIN каде како работно место му е наведено дека е регионален менаџер за односи во истоимената фирма. Тука се поставува прашањето дали станува збор за Виктор Делов, поранешен директор на агенцијата за странски директни инвестиции во период од 2004-2006 година кога на власт биле СДСМ?“.
Таа напоменува дека „за периодот од 20.08 до 26.08 исто така е продадена струја во висина од 1.750 MWh за цена од 303 евра. Во тоа време цената на берза достигнува и до 612 евра. Разликата која што овој пат некој си ја ставил во џеб е 353.937 евра. Во овој случај, преку резултатите од продажба на ЕСМ може да се види дека како купувач на струјата во овој период се јавува фирмата ЕТМТ ЕНЕРГИ која е во сопственост на Енер Трејд од Албанија која му припаѓа пак на Артур Мицкај, директор на форумот на млади на социјалистичката партија на Еди Рама и син на тамошен судија. Во еден серијал може да се утврди дека истата фирма во месец декември во 2021 година и продала струја на ЕСМ за 3,9 милиони евра и тоа по цена од 325 евра за MWh. Сега процесот е обратнопропорционален, оваа фирма купува од ЕСМ струја по поевтина цена, отколку што претходно самата и продала“.
„Или вкупно за 12 дена некои трговци заработиле над 610.000 евра“ вели Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Додека сите се занимаваат со лажните вести на Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работници“
Додека сите се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работниц, реагираат од СДСМ, на обвинувањата на пратеникот Бране Петрушевски.
„СДСМ уште во декември најави дека постои дупка во буџетот и дека државата нема пари за основно функционирање. Тоа Владата го потврди со ново задолжување од 1 милијарда евра преку еврообврзници, со што се докажа вистината за која говореше СДСМ. Сега треба да се пополни дупка од 2 милијарди евра кои недостасуваат. Како што рековме, кредитите за пополнување на дупката во буџетот од моменталните 2 милијарди, а таа ќе биде и многу поголема, мора некако да се вратат… како? Преку мигранти. Така функционира тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ. ВМРО води политика на „шибицарење“. Додека граѓаните ги читаат нивните измислици, пред нос ни носат 10.000 „економски работници“. Ќе објават лажна вест за „Дубаи“ или за „виза“, а во позадина ќе протуркаат Декрет во Собранието, за кој не смее да се зборува а целото внимание се насочува кон измислената виза“, пишува во соопштението.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ објавуваат измислица „Венко гради 42 ката во Дубаи“, а тие во меѓувреме протнуваат закон за странци како вовед за носење мигранти.
„Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет“ а тие носат 10.000 „економски работници“. Секојпат исто, лажни вести што СДСМ мора да ги демантира, за да не попречат во објавувањето на нивниот криминал и да не попречат во работата која е во интерес на граѓаните. Никој да не зборува за скандалите на власта, сите да се занимаваме со непостоечка зграда во Дубаи, со измислена афера која служи како дефокус од главната тема: мигранти за пари. Затоа, граѓани на Македонија, знајте дека секогаш кога ќе излезе некоја измиелсна, фабрикувана афера, таа служи за ДЕФОКУС. Во позадина да се протурка она за што СДСМ зборува веќе два месеца. Каде се одговорите за дупката во буџетот, ниските плати и пензии? Каде се одговорите за криминалните тендери? Каде се одговорите за: 161 тендер за една фирма, 51 тендери за друга фирма преку општините, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Секогаш кога ќе прочитате текст од Геро, соопштение од Ивона Талевска, позната по врската со Латас, преку МАН, Алфа ТВ, ВМРО… нова измислена афера од кујните на ВМРО, вие, почитувани граѓани, знајте дека уште една пљачка е во тек, а сето ова го прават за вие да не го видите тоа. Класичен дефокус, додека вратат милионски криминални тендери. Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари“, пишува во реакцијата.
Македонија
Во општина Илинден светиот крст го фати Марио Димитријевски
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број на верници.
Во традиционалното фаќање на светиот крст, учествуваа вкупно 70 учесници, меѓу кои најсреќен беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст. Чинот го водеше епископ дељадровско-илинденски Јоаким.

На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.
Македонија
Ѓорѓиевски го честита празникот Водици
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници, свештенството и учесниците во празничните чествувања, упатувајќи посебна честитка до најсреќниот верник Дарко Митровиќ кој го извади Светиот Крст од осветените води. Во својата порака, тој го истакна длабокото духовно значење на празникот, како и силата на верата, традицијата и заедништвото на народот.
„Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување. Го честитам празникот на сите кои денес беа дел од овој свет и возвишен настан“, напиша тој на „Фејсбук“.

