Македонија
(Видео) Митева: Иако нема странски инвестиции, има фирма што добива 4 тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни
„Во последните години во Македонија нема странски инвестиции, нема ниту политика за привлекување, но и покрај ваквата состојба, сепак има тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни!“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е договор помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони со фирмата ЗОБЕК МИНИМГ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ склучен на 25.08.2023 година со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорите страни во врска со набавка за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип. Договорот е во вредност од 5.705.790 евра.
Интересен е фактот што горе именуваната фирма во својата историја на електронскиот систем за јавни набавки има добиено САМО 4 тендери и СИТЕ четири тендери се од Дирекцијата за технолошко индустриски зони и сите овие тендери се добиени откако Јован Деспотовски е именуван за директор на ТИРЗ.
Фирмата ЗОБЕК од Дирекцијата за технолошко индустриски зони има добиено два тендери во 2021 година, и по еден во 2022 и 2023 година во вкупна вредност од 989.793.742 денари односно 16 милиони евра.
Па оттука, јавноста треба да добие одговори кои се критериумите кои само оваа фирма ги исполнува веќе 4 пати и ги добива тендерите од Дирекцијата? Дали станува збор за фаворизирање од една страна, а истиснување на сите други фирми од друга страна?
Почитувани, со ваквите постапки од досегашното владеење на СДС и ДУИ можеме да констатираме дека несигурноста и недовербата во институциите, невладеењето на правото, големите коруптивни скандали и тендери се причина плус за лошите резултати во привлекувањето на странски директни инвестиции.
Македонија од земја лидер за привлекување на странски директни инвестиции стана земја во која нема ниту план ниту стратегија на оваа тема, но затоа има тендери за нивелирање односно подготовка на празно земјиште“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

