Македонија
(Видео) Митева: Наместо да ги зголемат платите, од СДСМ ги омаловажуваат вработените во јавниот сектор
СДСМ го одби амандманот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари. Како и за сè друго, така и овој пат СДСМ ги манипулира граѓаните, обвини на денешната прес-конференција, Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, властите немаат слух за вистинските барања и потреби и нема иницијатива што го потврдува спротивното.
„Нема пари за работниците, но имаат пари за златен прибор, имаат пари за тендери, имаат за сè, само не за народот.
Исто така, пратениците од СДСМ преку недолични, омаловажувачки и вулгарни напади ги карактеризираа работниците во јавниот сектор како лица што не заслужуваат плата, не работат, не се ефикасни и не придонесуваат“, нагласи Митева.
Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да запре тука и повторно пратеничката група комисиски ќе поднесе амандман за да може, како што рече, сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари зголемување на платата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

