Македонија
(Видео) Митева: Нè остави ли Владата без стокови резерви пченица?
Иако властите уверуваа дека стоковите резерви се стабилни и полни, вчера соседна Србија ни откри дека Владата на Македонија испратила барање за испорака на вкупно 75.000 тони пченка и пченица, рече на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата ја донесе Македонија во опасност и веднаш треба да одговори дали стоковите резерви биле празни и поради тоа Владата не интервенира на пазарот?! Ако ја земам за веродостојна и изјавата на Пендаровски дека уште пред 5 месеци имале сознанија за војната во Украина, што чекале до сега и зошто до сега не обезбедиле неопходни резерви? Владата треба да одговори и зошто дозволи цените на брашното и лебот да се зголемат и не презеде ништо против тоа“, посочи партискта портпаролка.
Митева уште еднаш нагласи дека Бектеши, Бесими и Ковачевски уверувале оти стоковите резерви се полни и дека ништо не недостига, а сега, како што рече таа, јасно е дека побарале 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.
„Колкава е бесрамноста на овие лица од власта штом дозволуваат вакви изјави, и тоа најпрвин од директорот на Агенцијата за стокови резерви, Реси Абдурахмани, кој рече – цитирам: Имаме стокови резерви колку што треба. Потоа Пендаровски изјави: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крајот, да биде срамот уште поголем, Горан Милевски вели: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

