Македонија
(Видео) Митева: Оставка на Филипче, видеото од операциона сала без протоколи е скандал
Министерот за здравство, Венко Филипче, ја загрозува безбедноста на пациентите, видеото од операциона сала без протоколи е скандал, обвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во денови кога нижеме огромен број новозаразени, во денови кога пациенти во ходници очајно бараат да ја добијат својата здравствена заштита, кога сѐ уште немаме процес на масовна имунизација, кога имаме двоцифрени бројки на починати лица, кога пациенти заминуваат од ординации со недостиг на органи, кога нема разрешница за ниеден случај против одговорните лица и кога во здравството се случува комплетен хаос, ние сведочиме уште еден скандал во низата“, рече таа.
Министер за здравство и доктор по вокација, додаде Митева, го гледаме на видеа како се наоѓа во операциона сала, без притоа никаква заштита на него прекршувајќи ги сите основни протоколи.
„Безбедноста на пациентот е еден од најважните приоритети, а за таа да биде на врвно ниво, неопходно е да се почитуваат одредени медицински постапки и протоколи. Primum non nocare – Да не се наштети. Треба да биде првата мисла на целиот медицински персонал. Зарем јас, Филипче, треба ова да го кажам на прес-конференција? Зарем ти, Филипче, треба ова правило да го прекршиш? Здравјето на пациентите во ваква ситуацијата и без тебе е загрозено, дополнителни слики и видеа од тебе не ни се потребни. Венко, потребна е твоја оставка веднаш затоа што се важни нашите животи“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

