Македонија
(Видео) Митева: СДСМ и ДУИ да понесат одговорност наместо да ги штитат фирмите
ВМРО-ДПМНЕ продолжува јавно да бара одговори од власта, која за автобуската несреќа, во која 45 наши сограѓани ги загубија своите животи, сѐ уште нема никаква одговорност.
„Власта треба да одговори дали е вистина оти автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблички за по неколку дена, автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само по неколку месеци, во сообраќајната дозвола намената, односно носивоста, му пораснала на 54 патници, односно на повеќе од 10 % над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт?“, изјави Митева на денешната прес-конференција.
Митева додаде дека јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавило недостатоци преку службени белешки до Инспекторатот за автобусите на „Беса транс“ и зошто Инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор во оваа компанија?
Власта треба да одговори, а потоа неопходно е да понесе одговорност за сите неправилности, за сите пропусти што се резултат на неспособноста да се справат со сите предизвици и да ги ослободат институциите да функционираат во согласност со нормите и прописите и тие да се почитуваат во целост, изјави Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

