Македонија
(Видео) Митева: Шилегов и Јанчева да одговорат дали начинот на работење бил преку прослави на сметка на скопјани
СДСМ нема граница во нивните лаги, а нема граница ни во злоупотребата на јавните функции. Денес уште еднаш ќе ја објавиме вистината која Шилегов и Јанчева се обидуваат да ја премолчат пред јавноста, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде дека во предновогодишна забава организирана од Јанчева и Шилегов се потрошиле 91.560 денари. Таа фактура е потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани. И додека СДСМ се обидуваат да ја сокријат вистината преку несоодветни соопштенија, ова се документи, кои ја потврдуваат веродостојноста на тоа што го говорам.
Прво, во овој документ, тоа е службена белешка испратена од секторот за финансии на Град Скопје на 03.02.2020 година до тогашниот градоначалник Шилегов и тогашниот секретар на градот,Викторија Аврамовска Мандиќ и јасно е наведено дека доставената фактура со број 76/19 се однесува за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Притоа, секторот на финансии укажува дека тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, да се доставува фактура со архивска дата од претходна година.
Второ, во овој документ, тоа е Образец за реализирани средства за репрезентација од 31.01.2020 година и јасно се гледа дека Љубица Јанчева,како претседател на Советот на Град Скопје искористила средства за репрезентација по повод предновогодишна забава во вкупен износ од 91.560 денари.
И трето, почитувани граѓани, ова е фискалната сметка од каде се гледа со што се частело друштвото кое било присутно и за да биде уште посрамно, се гледа дека Шилегов тогаш имал посебна сметка на која пишува, цитирам – „специјална нарачка за градоначалник г-дин Шилегов”. Скапи јадења, бифтеци на путер и алкохолни пијалоци барикирани 12 години.
Од ова јасно се гледа на што се трошеле градските пари, изјави Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

