Македонија
(Видео) Митева: Јанчева и Шилегов во кафеана направиле сметка од 91.560 денари
Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева и поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов со пари на скопјани се гоштевале со скапи јадења и пиеле алкохолни пијалаци стари 12 години, обвини на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Како што кажа таа, на предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани.
„Од документот со потписот на Јанчева се гледа дека на два дена пред Нова година таа и Шилегов потрошиле 91.560 денари. Шилегов и Јанчева за еден ден во кафеана потрошиле шест минимални плати. За еден ден, за неколку часа во кафеана тие потрошиле пари со кои можеле 6 семејства да го поминат месецот.
Од фискалната сметка се гледа што порачувале Јанчева и Шилегов. Додека половина милион луѓе живеат во исклучително тешки услови, Љубица Јанчева и Шилегов пиеле ексклузивно виски ‘Џони Вокер’ барикирано 12 години, виски ‘Џејмисон’ и ‘Џeк Дениелс’, но и ‘Чивас Ригал’.
Ова специјално друштво имало и специјална порачка од кујната во висина од 60.000 денари, без спецификација што содржела таа порачка. Посебна сметка имало и за Петре Шилегов, кој порачал бифтек на путер од 2.400 денари една порција“, посочи партиската портпаролка која додаде дека СДСМ продолжува со манипулирање на јавноста затоа што, како што рече, им е нарушен комодитетот и луксузот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.