Македонија
(Видео) Митева: Ќе ги прекинеме традициите на државата на матни тендери, партиски вработувања и корупција
„Времето на политичари што политиката ја третираат како извор на моќ, слава и пари мора да заврши. Потребно е комплетно нов принцип на владеење, кое ќе придонесе, пред сè, за релаксирање на општеството од сите екстреми. Македонија е жедна за успеси, доста е од криминал, порази и понижувања. СДС и ДУИ мора да заминат во историјата“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ има цел да ја смени ваквата негативна реалност и затоа во периодот што следи континуирано ќе излегуваме со конкретни понуди и решенија. На општеството му недостасува развивање на вистински дијалог и дебата, а не насилство и политички гимнастики. Потребно е да ја промениме реалноста во Македонија, а со тоа ќе се променат и негативните вести кои ни го окупираат секојдневието. Да имаме нови, домашни и странски инвестиции, нови успеси во економијата, образованието, нови успеси во здравството и земјоделието. Затоа што политиката не треба да се базира на местени тендери, партиски вработувања, висок криминал и корумпираното судство. Тоа е традиција која мора да ја прекинеме ако сакаме вистински да ги промениме состојбите во Македонија кои со години го уништуваат системот и се главна причина за иселувањето на нашите сограѓани. Потребен е комплетен рестарт, потребна е политичка коалиција која ќе се базира на програмска определба и платформа за иднина која ќе значи вистински вредности, а не коалиција чија точка на спојување се бизнис-зделките.
Силната економија ќе го подобри животниот стандард, реформите во образованието ќе придонесат да имаме минимум еден универзитет на Шангајската листа и ќе ги подобриме рангирањата на ПИСА-тестирањето, социјалната политика ќе овозможи достоинствен живот за пензионерите, стимулативните мерки ќе овозможат нови можности за младите, ќе обезбедиме и стабилност за бизнис секторот, намалување на бирократија и дигитализација на администрацијата, нови инвестиции во енергетиката се само дел од визијата за промени.
ВМРО-ДПМНЕ има цел да стави крај на искривеното нормално, скандалите и аферите што секојдневно испливуваат на површина ќе станат минато, важно е да ја вратиме надежта кај граѓаните што се иселуваат од Македонија“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На свечена церемонија, утре Пендаровски ќе и’ ја предаде функцијата на Силјановска-Давкова
Во Кабинетот на претседателот, утре – 12 мај ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски предвидено е да остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија денеска и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. ДИК ќе треба да достави извештајот до Собранието за да биде закажана седница за утрешната инаугурација на Силјановска Давкова. Потоа таа пред пратениците ќе треба да даде свечена изјава по која ќе почне нејзиниот мандат.
Мандатот на Пендаровски истекува утре.
Македонија
Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени
ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници на декларација во која уверуваат дека ќе владеат заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот собир на претставниците и членството на коалицијата рече дека декларацијата била потпишана во јануари годинава.
Во неа, се наведува дека почетокот на преговорите со Европската Унија (ЕУ) носи стратешки и значајни придобивки за нашата земја, а потписниците со обединет глас се придружуваат да одговорат на итната потреба за решавање и стабилност во земјата.
„За овие цели ние како политички партии изјавуваме: ‘Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ. Потписи на партиски претставници (наредени по азбучен ред): Арбен Таравари, Африм Гаши, Али Ахмети, Билал Касами и Изет Меџити“, стои во документот што го прочита Ахмети.
Претпладнево се случи првата рунда на преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен, по којашто партиите соопштија дека ги договориле општите начела за идната Влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Од тука додадоа дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите за коалицирање.
Во изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ излегоа со различни ставови за уставните измени, но во повеќе наврати беше потенцирано дека разговорите на таа тема ќе бидат ставени на маса по завршувањето на изборите.
Македонија
„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен
Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
„Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото“, објави ВМРО-ДПМНЕ по средбата.
Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање.