Македонија
(Видео) Митрески се сретна со бугарскиот амбасадор: Да се креира и промовира позитивна реторика која може да придонесе за градење на меѓусебна доверба
Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска, оствари средба со Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, при што истакна дека позитивниот став за средби и посети е многу важно да продолжи во иднина затоа што на тој начин се испраќаат пораки за спремност за отворен разговор и желба за унапредување на билатералните односи меѓу две соседски држави.
Претседателот Митрески го поздрави формирањето на парламентарна група за пријателство со Собранието на Република Северна Македонија во Народното собрание на Бугарија, при што се очекува по завршување на парламентарниот избори во земјата и формирањето група за соработка во Собранието, и тие да се состанат и да остварат позитивна соработка.
Амбасадорот Ангелов му честита на Митрески за неговиот избор за претседател на Собранието на Република Северна Македонија и му посака успешна работа. Истакна дека комуникацијата меѓу двете држави мора да продолжи со цел да се зацврсти меѓусебната соработка. Тој покажа интерес за тековните законски решенија, кои во моментот се усвојуваат во Собранието.

Двајцата соговорници ја реафирмираа важноста за подобрување на севкупните односи и соработка меѓу две држави, со посебен акцент на европската перспектива на Република Северна Македонија. Истакнаа дека е потребно е да се креира и промовира позитивна реторика, која може да придонесе за градење меѓусебна доверба, како и продолжување на динамиката во билатералната агенда, со цел да се постигнат резултати, кои се конкретни и видливи за граѓаните.
Тие се согласија дека единствениот пат кон побрз развој е продлабочување на економска соработка, што ќе придонесе за постигнување на клучните европски приоритети, а енергетското и инфраструктурното поврзување се клучен предуслов за развој на успешен бизнис и за издржливост во време на кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

