Македонија
(Видео) Мицкоски: Време е да почне дијалогот со синдикалните организации
Време е да почне дијалогот со синдикалните организации, да се ослободат од стегите на оваа криминална власт, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска имаше средба со претставници од Конфедерацијата на слободните синдикати.
„Ценам дека имавме конструктивен разговор, дијалог. Некои од нивните забелешки уште во изработката на програмата речиси се опфатени во самата нејзина содржина, а за други, се разбира, кога ќе биде формирана владата, ќе разговараме. Бидејќи тоа е динамичен процес, процес што трпи промени, сепак станува збор за четиригодишен период, станува збор за многу предизвици што ќе се испречат на тој пат. И јас ценам дека можеме навистина да ги ослободиме синдикалните организации од политичките стеги и притисоци, да ги оставиме да функционираат луѓето и да се борат за правата на работниците“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

