Македонија
(Видео) Мицкоски: Ги запознавме соговорниците во Брисел со реалната ситуација во Македонија
Ги запознавме нашите соговорници во Брисел со вистинската и реална ситуација во Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по дводневната работна посета на Брисел, каде што учествуваше на состаници и средби заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова.
„Зборувавме за отсуство на реформите во здравството, во образованието и сето она што практично претставува неуспех на Владата на Зоран Заев и СДСМ во Република Македонија. Исто така, соговорниците ги запознав за периодот што следува за претседателските избори што се пред нас, еве, на помалку од еден месец од денот на гласање, ги запознав со нашата стратегија, со сето она што го спроведуваме на терен, но и за кампањата што практично ќе почне официјално од 1 април“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека Силјановска во рамките на посетата имала можност да се запознае со голем број претседатели и европратеници од редовите на Европската народна партија, да ги запознае со своите гледишта, со програмата што ќе ја презентира пред граѓаните и за сето она што претставува визија за развојот на државата.
Мицкоски додаде дека на средбите станало збор и за ветувањето на Заев дека доколку изгуби неговиот кандидат на претседателските избори, наесен ќе распише предвремени парламентарни избори.
„Го држиме за збор господинот Зоран Заев бидејќи сигурно веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска ќе победат на претседателските избори, а со тоа ќе се исполни единствениот услов што си го постави Зоран Заев, а тоа е доколку ги изгуби претседателските избори, да распише предвремени парламентарни таму наесен. Предвремени парламентарни избори за Република Македонија ќе значат нова иднина, вистинска иднина, со вистински структурни реформи, не фингирани и лажни вести што овде ги испорачуваат во Брисел во рамките на Европската комисија“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

