Македонија
(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот
При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат и повика уште еднаш на дебата на кој било медиум и кое било време во интерес на вистината и интерес на граѓаните.
„Повторно молк, немаме одговор од Ковачевски, ниту од владата за мојата понуда пред граѓаните јавно да зборуваме бидејќи во овој случај не е важен ниту Димитар Ковачевски, ниту, пак, сум јас важен, ниту кој било од нас е над интересот на граѓаните и државата, и затоа понудив да излеземе јавно, транспарентно, да избере време, да избере медиум, јас таму ќе го чекам. Го повикувам и сега еве овде од Јегуновце да не дезертира бидејќи тоа му е вообичаена практика во неговиот живот. Да не дезертира овој пат, да излеземе и да се соочиме пред граѓаните па граѓаните нека одлучат кој ја говори вистината а кој не“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

