Македонија
(Видео) Мицкоски: Да се прогласи кризна состојба и да се одложат изборите

Здравјето на граѓаните е поважно од која било друга политичка пресметка, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција.
Тој е уверен дека поради состојбата на коронавирусот, треба да биде прогласена кризна состојба на територијата на целата држава, а неопходно е и одложувањето на изборите.
Мицкоски нагласи дека избори во период на пик на коронавирусот би значеле отворање нови жаришта, па затоа побарал свикување лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, на која ќе стане збор за одлагање на изборите.
„Потребно е одговорно однесување кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат бидејќи, за мене, а верувам и за другите, борбата за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо. Воедно, сакам да ја информирам јавноста дека веќе остварив разговор со претседателот Пендаровски и лично го информирав за овој предлог, кој се согласи да свика лидерска средба во најкус можен рок. Треба да ги следиме препораките на стручните лица и анализите за справување со вирусот“, нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека неопходни се и дополнителни мерки бидејќи од стручните тимови во партијата добил загрижувачки извештаи и прогнози за економијата.
Отсуството на брзи мерки од Владата, вели Мицкоски, значи дека стопанството губи милиони евра и тоа на дневна основа, а март ќе биде црн месец за бизнисот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.