Македонија
(Видео) Мицкоски: Економијата тоне, а сиромаштијата се зголемува
Економијата тоне, сиромаштијата се зголемува, а стопанството трпи и оди во бездна. Нема ништо од тоа што Заев го нарекуваше економска година, живот, прав пат и така натаму трета година по ред. И тоа не е така затоа што сме опозиција и наша работа е да критикуваме, туку затоа што и бројките тоа го говорат. Реалноста говори дека Македонија тоне, несигурноста е сеприсутна, во домашните компании ништо не се менува, а наплатата оди се потешко. Секој изминат месец е загуба за економијата. И ова не го зборувам на памет, туку ова ќе го поткрепам со неколку индикатори и со бројки.
Ќе започнам од конечниот извештај на Управата за јавни приходи за 2019 година. Ќе потсетам периодот на анализа е 1 Јануари 2019 заклучно со 31 декември 2019 година. Зошто ова го кажувам ќе кажам малку подоцна, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.
Тој рече дека даночните приходи кои што биле предвидени од страна на Управата за јавни приходи дека ќе бидат собрани во 2019 година биле на ниво од осумдесет и шест милијарди петстотини дваесет милиони денари. Но, за жал она кое успеало да го реализира УЈП во календарската 2019 година е осумдесет и две милијарди триста и деветнаесет милиони двеста шеесет и четири илјади двеста дваесет и девет денари или тоа е за 4,80% помалку од тоа што било на почетокот од оваа календарска година планирано да го реализира УЈП.
„Ќе ве потсетам буџетот за следната 2020 година е поголем за 5% од тоа што беше во 2019, а бројките говорат дека УЈП како најголем полнач на буџетот всушност во 2019 година не успеала за цели 5% да го исполни она кое што самата си го задала како цел или тоа е некаде околу четири милјарди и двеста милиони денари или цели 70 милиони евра помалку од тоа кое што било планирано на почетокот на година што значи дека тоа што го направила УЈП е доволен доказ да кажеме дека и заклучиме дека не само што економијата оди во погрешен правец, туку оди и во бездна. Само за месец декември 2019 година биле планирани околу осум и пол милијарди денари да бидат прибрани од страна на УЈП, а биле прибрани околу осум милијарди и педесет милиони денари или за 5,77% помалку од истиот декември во 2018 година.
УЈП, даночните приходи ги темели на три столба. Првиот столб е данокот на добивка и тој е катастрофален односно за цели 24,49% е понизок од тој што бил планиран на почетокот на годината.
Данокот пак на личен доход е за 1,98% помал од тој што бил планиран и тоа е така само поради тоа што имавме зголемена даночна ставка заклучно со месец октомври. Доколку немавме зголемена даночна ставка односно доколку не се извршеше груба пљачка на граѓаните и стопанството во Македонија и оваа ставка на потфрлање ќе беше двоцифрена.
Кај ДДВ, данокот на додадена вредност имаат околу 0,15% помалку од планираното или се на се тој е приближно 5% помалку од планираното или за цели седумдесет милиони евра, имаат потфрлање од тоа што било планирано на почетокот на годината.
Доказ дека на економијата не и оди добро за извор ќе го напоменам извештајот кој што го издава УЈП.
Втор индикатор дека имаме цунами економија односно катастрофа во економијата трета година по ред е бруто домашниот производ кој што гледаме беше дел и од она скапо платена кампања на СДСМ по медиумите и така фалени резултати кои што се однесуваат до порастот на бруто домашниот производ.
Но, тоа е кога споредуваме погрешни индикатори, тоа е она кога се обидувате на брутален начин да ја лажете и манипулирате јавноста. Имено, сега како извор ќе го земеме извештајот на Светска Банка и ќе споредиме како индикатори два периода и тоа првите три години во периодот 2006-2008 кога се формираше втората влада на ВМРО ДПМНЕ и периодот 2017 – 2019 кога оваа влада на Зоран Заев и СДСМ беше избрана.
Но, истовремено растот на БДП во македонската економија ќе го споредиме со растот на БДП во ЕУ за истиот период па ќе заклучиме во периодот јуни 2017 – 2019 година декември, растот на македонската економија е приближно 2, 14 % односно растот на БДП за тој период, додека пак растот на БДП во ЕУ за истиот период 2,2 %. Период мај 2006 јуни заклучно крај декември 2008 година растот на БДП во македонската економија е 5,7 % додека пак растот на БДП во ЕУ е 2,32 % или тој е два ипол пати поголем од истиот раст кој што го има БДП во ЕУ, додека пак сега е за 0,97 пати помал од тоа кое што го има растот генерирано БДП во ЕУ. Со други зборови за 2, 5 пати за истиот тој период бил поголем растот на БДП во Македонија споредено од тоа што е сега.
Кога сме кај странските инвестиции трет индикатор, извор Народна Банка на Република Македонија заклучно со третиот квартал 2019 година странските инвестиции се околу 113 милиони евра или споредено со истиот период од минатата година кога стопанството беше под жесток притисок на информацијата дека од 01.01 2019 ќе се зголемуваат даноците во нашата држава, биле инвестирани за 186 милиони повеќе отколку тоа што го направија оваа година или да го поедноставиме оваа година заклучно со третиот квартал заклучно со месец септември имаме за 186 милиони евра помалку директни странски инвестиции од колку за истиот период минатата година и тие се на ниво од 113 милиони евра. Колку за потсетување соседна Србија за истиот тој период има 2, 6 милијарди евра директни странски инвестиции, Словенија има 695 милиони евра, Соседна Бугарија има 460 милиони евра.
Четвртиот и петтиот индикатор за кој што денеска ќе зборуваме во наредните денови ќе зборуваме и за другите индикатори во економијата и ќе докажеме дека ние освен цунами економија и економија која што се движи кон сигурна бездна немаме ништо друго. Сето друго е само блескаме во главата на Зоран Заев и СДСМ.
Имено, индустриското производство внимавајте каква опаѓачка траекторија има. Во август месец 2019 споредена со истиот месец 2018 имаме 9, 8 % , септември имаме 6, 1% , октомври имаме 4,2 % раст додека пак ноември имаме 2,1 % опаѓање споредено со ноември 2018, слично нешто ќе имаме и во декември а истото поради високата база од првиот квартал оваа година ќе ни се случува и во првиот квартал во 2020 година.
Петтиот индикатор бројот на работници во индустријата август месец 2019 споредено со август месец 2018 имаме за 1,6 % помалку од тоа што било во август месец 2018, септември за 1,6% помалку, октомври за 2,2%, ноември за 2,8%. Или пак ако го анализираме периодот од јануари месец 2019 заклучно со 30 ноември 2019 имаме за 1,5 % помалку вработени во индустријата од тоа што го имавме за истиот период во 2018 година.
Почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни Зоран Заев нее повеќе премиер но, со оваа државаа управуваат остатоците на неговиот трул криминален и транзиционен систем. Потребно е да се порази тој систем преполн со афери скандали тендери во четири очи, виткање на кичма, лаги, измами, неправда криминал и корупција. Македонија нема избор Македонија мора да оди вистински напред горда достоинствена и со исправена кичма. Македонија мора да изгради општество на развиена економија технолошки инвестициски тигар на балканот и најважно за сето ова да се даде шанса на квалитетни професионалци и стручни луѓе. По 12 април доаѓа обновата на Македонија“, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион
Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино.
Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој.
Со новата механизација значително се зголемува оперативниот капацитет на Русино и се воведуваат современи стандарди во секојдневното работење. Оваа активност е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во државата.
Во следната фаза е предвидена инвестиција од околу 14 милиони евра за рехабилитација и проширување на депонијата, што вклучува изградба на нови депониски ќелии, систем за управување со исцедок и биогас и затворање на постојната депонија.
„Со тоа се обезбедува целосно усогласување со европските стандарди и воспоставување модерен регионален систем што значи крај на дивите депонии и почиста животна средина за граѓаните во Полог“, рече министерот.
Македонија
Јанчев: Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално
Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално, изјави на денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.
Тој истакна дека предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти претставуваат директно стимулирање на дивоградбите и продлабочување на урбанистичкиот хаос.
Јанчев потсети дека законот од 2011 година, кој требало да важи шест години, со низа продолжувања се развлекува на вкупно 20 години, со што наместо да се затвори прашањето за старите објекти, се поттикнува изградба на нови дивоградби.
„Градежното земјиште е ограничен ресурс, а како во природата, така и во општеството, мора да постојат правила за негово користење. Урбанистичките правила постојат за да создадат хумана средина за живеење, а кога не се почитуваат добиваме хаос и безредие. Немаме градски архитекти за одржување на урбаниот ред, немаме урбанистички планови, за многу населени места, а постојните се стари по 15–20 години и не одговараат на реалноста на терен. Планирањето не го води јавниот интерес, туку профитот, кој често е спротивен на јавниот интерес. Имаме населби со број на жители што не одговара на капацитетите на водоводната и канализационата мрежа, недостиг на паркинг места, сообраќајници низ кои не може да помине ни едно противпожарно возило. Во вакви услови да се продолжува рокот за легализација и да се стимулираат нови дивоградби не е паметно, туку е штетно, а може да биде и фатално”, рече Јанчев.
Македонија
Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ e класичен пример на политичка дезориентација
Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентацијаи дефокус од суштинските прашања вели портпаролката на Владата, Марија Митева, по обвинувањата на Андреј Жерновски од СДСМ дека таа признала дека Мицкоски управува во судството.
„Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето. Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС. Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори, продуцираат магла“, напиша Митева на социјалните мрежи.
Таа вели дека секогаш стои на кажаното и дека фактите зборуваат дека станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски е отфрлена, а барањето за надомест на штета е одбиено како неосновано.
„Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста. За разлика од СДС, ниту некогаш сум манипулирала, ниту ќе манипулирам со граѓаните. Мојот збор има тежина и е прашање на кредибилитет и личен интегритет. Токму затоа е очигледно дека ваквиот тотално паничен настап произлегува од страв, страв од одговорност, страв од вистината и страв од прашањата на кои сè уште немаат одговор. Наместо да фабрикуваат конструкции, нека одговорат каде води случајот со 40 тони марихуана, кој сè бил вклучен. И уште низа други одговори за криминал и корупција кои како печурки после дожд секојдневно излегуваат. Јавноста заслужува одговори, а не политички театар“, вели Митева.
Според неа, нападите дека некој „управува“ со судовите потекнуваат од нивната долгогодишна пракса на такво практицирање, тоа време заврши.
„Јас нема да учествувам во нивната игра на креирање лажни скандали. Ќе продолжиме да инсистираме на владеење на правото, институционална одговорност и целосна транспарентност. Граѓаните гледаат кој нуди факти. Политиката мора да се води со интегритет, а не со конструкции и лаги“, вели Митева.

