Македонија
(Видео) Мицкоски за вакцините: Сите се мајтапат со нас, власта нека седне да потпишува оставки
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамки на денешната посета на Прилеп даде изјава во врска со доцнењето на првата пратка на вакцини која денес требаше да пристигне од Србија, а беше одложена.
„Срам, како може да го коментирам овој случај. Едноставно со еден збор може да кажеме дека веќе се срамам што сум дел од ова, па макар и опозиција, би рекол политичко мочуриште. Тоа е срам кој на дневна основа ни го приредуваат луѓе од Владата и тој срам го приредуваат на цела држава, на цел народ“, рече лидерот на опозициската партија.
Според Мицкоски, трагично е и тоа дека не само што сме последни или сме држава во која нема вакцини, туку и ни се потсмеваат.
„Не само што сме последни, туку почнаа веќе и мајтап со нас да си играат сите. Наместо да седнат и да ги потпишат нивните оставки, тие уште ги гледам се обидуваат да наоѓаат оправдувања преку некои ступидни соопштенија кои ги лиферуваат во јавноста и велат недостасувале документи. Им недостасува памет. Тоа е она кое можам да го кажам, ако имаа малку повеќе памет и стратегија и визија тогаш немаше денес ние да бидеме последни и да се срамиме со нивните постапки“, кажа тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

