Македонија
(Видео) Мицкоски: За неколку месеци од денеска во Македонија ќе има нова политичка реалност и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Навистина динамичен ден. Почнавме од Ново Село, продолживме во Босилово, а сега завршуваме во Василево. Има што да се види и да се покаже, направени се многу работи и покрај тоа што имаме работа со влада каде што не се води сметка за сите граѓани во Македонија, за сите општини. И тоа е така затоа што тие мислат дека ако не инвестираат во општините каде што градоначалниците се од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тогаш на тој начин ќе ги направат градоначалниците помалку успешни и тогаш граѓаните ќе се предомислат на следните парламентарни и претседателски избори и наместо за ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласаат за СДМС и ДУИ. Но, тоа е погрешна стратегија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешното обраќање пред граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Васиелво.
Мицкоски посочи дека и покрај тоа што власта им ги одзема ингеренциите на некои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во образованието, градинките, сепак градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со чесна и макотрпна работа успеваат да ја реализираат својата програма од локалните избори во 2021 година ветена пред граѓаните.
– Иако ги одземаат ингеренциите во образованието, во градинките во дел од општините, не инвестираат во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Но, сепак тие градоначалници и со тие ограничени ресурси, покажаа и докажаа изминатите 2 години со макотрпна, чесна работа може да се постигнат резултати, смета тој.
Мицкоски рече дека за неколку месеци од денеска следува нова политичка реалност и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за сите граѓани и подеднакво ќе инвестира во сите општини, за разлика од сегашната влада на СДСМ и ДУИ.
– Сакам да им порача на градоначалниците да продолжат да ја реализираат програмата до локалните избори во 2021 година, со тоа што сега ќе имаат олеснителни околности бидејќи за неколку месеци од денеска ќе имаме нова политичка реалност и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе помага и ќе инвестира во сите општини во Македонија, без разлика дали општината е раководена од кадар од СДСМ, ДУИ, БЕСА, или некој независен градоначалник. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сака да биде влада на сите граѓани во Македонија, без разлика на политичката или етничката припадност. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да биде на целата територија на Македонија, нагласи тој.
Мицкоски нагласи дека доколку една влада се однесува себично и фаворизира одредени општини, а дискредитира други, тогаш не може да се смета за влада на народот.
– И тоа е многу важно затоа што ако една влада се однесува себично, се однесува на начин кој што одредени делови од државата ги дискредитира, а други ги фаворизира, тогаш таа влада не може да биде на народот. А ние сакаме да бидеме влада на народот која ќе обезбеди национално обединување, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

