Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски најави програма со нулта корупција и дигитална Македонија

Објавено пред

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите ќе понудиме нешто што ќе биде надвор од секојдневието за овие наши балкански услови. Суштината ќе биде поделена на два дела: првиот дел ќе биде владеење на правото и бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, а вториот дел ќе биде делот што ние го насловивме „диги Македонија“ или дигитализирана Македонија, држава којашто ќе биде практично единствениот таков пример на Балканот, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на настанот за кампањата „Разговори за обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ во Центар.

dobivaj vesti na viber

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди програма што ќе содржи во себе стратегија и визија како Македонија ќе изгледа од сега за 10 години, па уште за 10 години.

„Зошто токму овие две работи коишто можеби вака делуваат помалку невообичаено за една изборна кампања? Затоа што ова се основните два столба врз основа на кои се гради една правна држава, едно правно општество коешто ќе се развива во вистинска траекторија. Бидејќи вие ако имате гарантирање на владеењето на правото, ако имате нулта толеранција на корупцијата, а истовремено имате целосна дигитализација и практично отчетност во процесите, без разлика дали станува збор за локалната или централната власт, тогаш ќе имате инвеститори коишто ќе дојдат, ќе имате повеќе пари во економијата, ќе имате повеќе пари во буџетот коишто ќе се акумулираат, а со повеќе пари во буџетот, вие ќе имате поголема можност за инвестиција во образованието, поголема инвестиција во здравството и во земјоделието, поддршка за пензионерите, поддршка за младите за да почнат некој стартап, да почнат некој бизнис во Македонија“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека СДСМ на изборите во 2016 година ветуваше правда, а денеска, како што рече, сме сведоци на една од најголемите коруптивни афери во поновата историја на Македонија, а тоа е аферата што јавноста ја нарече кеш.

„Гледате како едно цело обвинителство, почнувајќи од првиот па до последниот, практично од првиот ден па  до ден денеска бил мал корумпиран вилает на Зоран Заев со ваши пари, со пари на граѓаните. Гледате како  народот практично има леб и сол, како неправда владее на улиците, луѓе се затвораат, се уценуваат и притискаат како резултат на политички прогон. Вие гледате како оние заштитници на ликот и делото на Зоран Заев инсталирани во институцијата специјално јавно обвинителство бесрамно ги крчмат парите на граѓаните“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги спомена хонорарите кои се делеле во СЈО, велејќи дека ова обвинителство е симбол за корупцијата.

„Имате обвинители коишто наместо да се борат за правдата си делеле хонорари месечни по основ на тајност од десетици илјади евра, па вториот на листата ќе го видете со 123.000 евра, третиот на листата ќе го видете со 118.000 евра и сè така до последниот, којшто зел скромни 76.000 евра. Додека народот гладува, додека народот мака мачи како да скрати од први до први, додека младите ни се иселуваат, додека луѓето заедно со нивните семејства ги полнат куферите и ја напуштаат трајно Македонија. Додека тоа се случува, преку телото коешто денеска претставува симбол за корупцијата, тоа е специјалното јавно обвинителство, Зоран Заев ги трошел вашите пари“, рече Мицкоски пред граѓаните.

Тој предлага и воведување институт кандидат за мандат, или кандидат за носител на мандат.

„Имаме парламентарни избори, имаме носител на единици, ќе имаме носители на тие изборни единици, ајде да видиме кој ќе биде кандидат за носител на мандат или, како што тоа е пракса во Европа, како што тоа е пракса на веќе завршените избори за европскиот парламент, којшто ние го нарекувавме шпицен кандидат или кандидат за носител на мандат. Тој што ќе победи има право да ја формира владата и да ја води Македонија во следните четири години. Тој што ќе изгуби да не се крие позади пратеничкиот мандат туку веднаш да ја напушти политиката и да се соочи со одговорноста на сопствениот пораз. Тоа е она што вчера го предложивме јавно, тоа е она што денеска исто така  го предложивме за време на преговорите“, рече Мицкоски.

Тој зборуваше и за загадувањето на воздухот и вети дека ако ВМРО-ДПМНЕ  дојде на власт за двојно ќе го намали загадувањето.

„Можеме да ветиме и да гарантираме дека најмалку за двојно ќе ги намалиме загаденоста и емисијата на штетни честички во атмосферата, без притоа да трпи економијата и стандардот на граѓаните. Сето тоа ќе биде содржано во новата програма за обнова на Македонија. Методологија, принципи и начин како тоа да го направиме. Поврзано енергетски, еколошки и амбиентално кога станува збор за воздухот“, рече Мицкоски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Објавено пред

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.

-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,  директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет55 минути

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет1 час

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа1 час

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет1 час

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет7 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет7 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет8 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија11 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија12 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет12 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет13 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет14 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет15 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет16 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет18 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија21 час

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет22 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет23 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...