Македонија
(Видео) Мицкоски на средба со Јанша: Ни треба јасна визија да се справиме со економската криза
Ни треба јасна визија и креатива да се справиме со економската криза, во Македонија имаме проблем со големата корупција и невладеењето на правото, рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на состанокот со словенечкиот премиер, Јанез Јанша, кој е и претседател на словенечката Демократска партија, најголемата партија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија.
Мицкоски информира дека на состанокот било разговарано за актуелните случувања во Македонија со главен фокус на големата корупција и невладеењето на правото во Македонија.
„Зборувавме и за начин со кој овде во Словенија се справуваат со најголемиот предизвик можеби на човештвото во овој момент, а тоа е ковид-пандемијата, но и резултатите, и би рекол, нерезултатите што ги спроведува нашата Влада во рамките на справувањето со пандемијата во Македонија. Зборувавме за рецесијата за тешката економска ситуација во Македонија. Морам да признам дека и овде во Словенија се чувствуваат економските последици предизвикани од ковид-пандемијата, но далеку не се такви какви што тие се девастирачки во нашата земја, во Македонија, поради неспособноста и немањето јасна визија и креатива како се справиме со таа економска криза“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

