Македонија
(Видео) Мицкоски од Прилеп: Ќе направиме автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Прилеп вети изградба на автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна и забрана за увоз на тутун додека не се откупи домашниот ако неговата паартија победи на изборите.
„Најпрвин им благодарам на прилепчани што во голем број се денеска овде во Центарот на Прилеп за да може да разговараме за иднината, да зборуваме за тоа како треба Прилеп да изгледа во иднината, а не како што е денеска, би рекол град што е целосно застанат во времето. Град во кој царува криминалот, царува корупцијата, град во кој практично недалеку од оваа бина од овде имаме информации и сознанија дека практично се продаваат и тргуваат наркотични средства. Град што е засрамен од началникот на одделот за внатрешни работи, кој беше уапсен поради основано сомнение дека врши нелегална трговија со наркотични средства и уште многу други работи, кои, за жал, изминативе четири години го ставија Прилеп на дното на приоритетите на оваа Влада“, рече тој.
Денеска, тука, во Прилеп, додаде Мицкоски, ќе имаме можност да го промовираме проектот што почна овде од Прилеп, а тоа е проектот за изградба на ново автопатско решение Скопје – Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија.
„Но, исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина. Тука до мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче, кој е човек за кој овде веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко за идните четири години, а зошто да не и понатаму да го препороди навистина Прилеп и да го крене од ова мочуриште во кое денеска се наоѓа“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик, извести Царинската управа.
Сторителот, македонски државјанин, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган.
Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии за накит, велат од Царинската управа и додаваат дека и натаму остануваат посветени на заштита на државните интереси и спречување на сите форми на криумчарење.
Македонија
Салиу-Хуменбергер: Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, оствари работна средба со заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер.
Во рамки на разговорот, соговорниците разменија мислења за унапредување на заедничката соработка и дефинираа можни конкретни чекори за реализација на иницијативи во областа на образованието и културата, со особен акцент на интеграцијата на Ромите.
„Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност. Затоа е значајно што Австрија, како наш партнер, покажува интерес за поддршка на иницијативи во областа на образованието и културата, кои ќе им отворат повеќе можности на младите и ќе го зачуваат нашиот културен идентитет,“ истакна Салиу.
На средбата беше нагласена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството и спроведување на активности кои ќе придонесат кон инклузивни политики и долгорочен развој на ромската заедницата.
Македонија
„Влен“: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со ЛЕВИЦА, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќура во првиот круг“, велат од „Влен“.
„Денес, исто како во „соба 161“ кога се откажаа од претседателот на парламентот само за да останат на власт, ДУИ избра да ги здружи силите со Левица за да ги спречи промените.
Овој договор меѓу ДУИ и Левица е јасен доказ дека се отуѓиле и се откажале од секоја потреба на стружани. За Ахмети и неговите емисари, власта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободното гласање.
ДУИ избра да стане партнер на Левица. Но, граѓаните на Струга избраа да бидат партнери во промените. И на 19 октомври, оваа промена ќе се случи. Струга ќе стави крај на ерата на корупција и ќе отвори нов, чист и чесен почеток со Менди Ќира“, се додава во соопштението на „Влен“.