Македонија
(Видео) Мицкоски: Полицајците кои ги загубија животите во Диво Насеље се нашите херои
Денесka навршуваат 3 години од немилите настани во Диво Насеље, Кумановско. Три години на болка и за семејствата на хероите кои ги положија своите животи во одбрана на нашата татковина, но и 3 години паметник за нивниот херојски подвиг во кој се пресметаа со една од најопасните криминално-терористички банди на овие простори положувајќи ги своите животи. Македонија не смее и нема да ги заборави. Тие се нашите современи херои, се вели во видеообраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, тоа се луѓето кои ги положија животите за нашата слобода и мир. Нивното, како и делото на сите полицајци и одбраnбени сили кои учествуваа во таа акција ја имаат мојата највисока почит.
„Правдата мора да биде задоволена. Kое било селфи и смеење на местото каде што полицајците ги загубија своите животи, иницијатива за меѓународна арбитража која сè почесто се споменува, или, пак, политички договор за работи кои се јасни и многу прецизни, и каде веќе има утврдена вина и одговорност се тенденциозно нарушување на јасната слика дека криминалот, тероризмот и насилството мора да бидат казнети и тука не смее да има компромиси. Државата, особено владата треба да ја обезбеди неопходната грижа и поддршка на семејствата на загинатите припадници на полицијата. Херојското дело на оние кои со своите животи ја бранеа државата Република Македонија нè обврзува сите нас како генерација политичари да ја градиме државата во мир кој е скапо платен, и да обезбедиме шанси за еднаков развој и просперитет на сите нејзини граѓани. Овие луѓе го одбранија соживотот во државата ставајќи го својот живот пред олтарот на слободата која сега ја живееме. Нека им е вечна слава!“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

