Македонија
(Видео) Мицкоски: Попладнево Пендаровски ќе треба да објасни по кој критериум му додели мандат на Заев
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и дел од пратеничката група, попладнево ќе се упатат кон канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски за да проверат дали Заев доставил доказ за обезбедено собраниско мнозинство.
Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 13.08.2020
Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 13.08.2020
Posted by Hristijan Mickoski on Четврток, 13 август 2020
Мицкоски го обвини Пендаровски дека му го доделил мандатот на Зоран Заев, без приложен доказ дека навистина има обезбедено собраниско мнозинство.
„По кој критериум Пендаровски одлучи да му го додели мандатот на човекот што не достави доказ дека има собрано мнозинство пратеници?“, праша Мицкоски.
Според Мицкоски, мандатот е киднапиран од Заев бидејќи тој немал мнозинство во Собранието.
Тој смета дека Пендаровски со тоа што му го додели мандатот на Заев покажал дека не е претседател на сите граѓани, ниту заштитник на Уставот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

