Македонија
(Видео) Мицкоски: Спасовски да ја надмине суетата и во Куманово да биде прогласена кризна состојба
Куманово да не биде заложник на внатрепартиските битки и суетата на Спасовски, нека прифатат да прогласат кризна состојба, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку обраќање од својот дом, каде што деновиве се наоѓа во изолацијата поради контакт со новинар заразен со ковид-19.
„Во текот на вчерашниот ден имавме голем број апели од кумановци, па дури и од градоначалникот на Куманово, до Владата за прогласување кризна состојба и поуспешно справување со Ковид-19 и со оваа пандемија. Но, од друга страна, видовме еден примитивен инает, надменост, би рекол, лична фрустрација и суета од страна на Владата и техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановци и на градоначалникот на Куманово. Иако и кумановци и сите ние сме свесни дека пред некоја недела токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин некако го рашири вирусот Ковид-19 и пандемијата во Куманово“, рече Мицкоски.
Тој му порача на премиерот Спасовски да ја надмине личната фрустрација и суета и да излезе позитивно во пресрет на барањата на кумановци и на градоначалникот на Куманово бидејќи има време за внатрепартиски пресметки и за политичка битка, а сега е најважно здравјето на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

