Македонија
(Видео) Набавени пет пловни објекти за езерската полиција
Министерството за внатрешни работи набави пет пловни објекти за езерската полиција, со што значително ги зајакнуваме капацитетите за заштита на границите, особено овде на Охридското Езеро, рече министерот Оливер Спасовски.
„Ова е набавка што се прави првпат по повеќе од 20 години, а е уште еден пример за нашата посветеност комплетно да ја опремиме македонската полиција и да обезбедиме максимални услови за работа на полициските службеници, што носи подобри резултати, односно ја зголемува безбедноста на граѓаните. Во оваа пригода сакам да упатам огромна благодарност до владата на Република Чешка и до Амбасадата на оваа пријателска земја, кои во изминатите години постојано ни помагаат во оваа цел“, рече министерот Спасовски.

Два пловни објекта со цврсто корито се набавени од сопствени средства од буџетот на МВР со вредност од 8.055.511 денари, а во согласност со склучениот договор за донација помеѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и Чешка набавени се два пловни објекта со цврсто корито и еден гумен патролен чамец со вредност од 8.144.074 денари.
„Ова ќе им овозможи висока ефикасност на припадниците на граничната полиција во секакви временски услови како во делот на граничниот надзор и спречување на секаков вид прекуграничен криминал во Охридското и Преспанското Езеро така и во услови кога е потребно да се укаже помош и спасување во водите на езерата од разни причини“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

