Македонија
(Видео) Нема многу шанси за успех во Европа ако нема сега на Балканот, рече Димитров

Пред утрешната средба на двајцата шефови на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитрови Никос Коѕијас, во посредство на медијаторот Метју Нимиц во Грција, Димитров порача дека преговорите се пред самиот крај и дека утрешниот ден е многу важен.
„Се обидуваме да се качиме во воз во движење и што се случува, таму ќе се влијае и на нас. Кажав дека имаме шанса да направиме успех годинава, нема многу шанси за успех во Европа ако нема сега на Балканот. На некој начин Европа почна преку помирувањето на Франција и Германија, пред некој ден го славевме Денот на Европа и убаво е тој процес и ние да го искористиме тука на Балканот и да се помириме и да си ги решиме проблемите. Нема поприродно од тоа нашите соседи да се наши најголеми сојузници во таа наша цел“, рече Димитров.
Факт е дека сме во најделикатната и последна фаза, рече Димитров и додаде дека е факт оти има многу прашања за кои има разбирање меѓу двете страни.
„Наша цел е да најдеме решение што ќе ги покрива потребите на двете страни. Мора да понудиме некакви опции, тоа ни е задачата утре. Чувствувам голема тежина и одговорност, правам сè што можам заедно со Никос“, порача Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).