Македонија
(Видео) Николова: Не смее да има никаква амнестија за 27 април
Не смее да има никаква амнестија за 27 април, рече пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, прашана за мислење за иницијативата за амнестија на осудените, која е доставена од група адвокати до Собранието.
„Одговорност за насилството од 27 април мора да има. Насилниците мора да одговараат и да излезат пред лицето на правдата, оттука ние сме против каква било поддршка за амнестија за насилството од овој најцрн ден во Република Северна Македонија, поточно најцрн ден за демократијата во нашата држава. Каква порака би пратила амнестијата, дали тоа ќе значи дека се отвора можност во иднина некои одредени политички структури повторно да преземат вакви активности. Затоа уште еднаш повторувам – ние сме против каква било амнестија на насилниците од 27 април“, рече Николова.
Претходно неделава, три адвокатски канцеларии од Скопје најавија дека ќе поднесат предлог-закон, чија цел е да се амнестираат осудените за крвавите настани во Собранието на 27 април.
Адвокатот Јанаки Митровски, еден од подносителите, посочи дека не го оправдува стореното, но смета дека нема поголема неправда од селективна прада. Рече дека амнестијата за експратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и социјалистот Љупчо Димовски, кои ги побараа и ги добија – се селективни и од политичко-лукративни причини. Митровски заедно со адвокатот Драган Пешевски и Петар Тимовски иницијативата ќе ја достави до сите пратенички групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

