Македонија
(Видео) Николов: Сите се уверија дека коронавирусот не бира по пол, раса или етничка припадност
Изминатиов период е исполнет со сериозни предизвици и се уверивме дека присуството на коронавирусот е новата реалност, истакна д-р Сашко Николов, кандидат за пратеник од ИЕ 3.
„Се уверија и оние кои не верува дека тој постои и дека тој не бира ниту раса, ниту пол, ниту етничка или каква било припадност. Несериозниот пристап на одредени луѓе кон него донесоа последици по здравјето и раст на бројот на новозаразени лица. Денес се соочуваме со една состојба каде што се бара од нас поголема општествена и социјална одговорност, но и сплотеност сите да ги почитуваме и темелно да ги спроведуваме препораките од Министерството за здравство“, вели Николов.
Тој апелира граѓаните задолжително да држат физичка дистанца 1.5-2 метри, да носат заштитни маски во затворен простор, меѓута и на отворен простор кога не можеме да ја одржиме таа дистанца и задолжителна дезинфекција на раце и на работните површини со кои стапуваме секојдневно во контакт.
Николов вели дека единствено оружје за борбата против вирусот е нашата свест и одговорност. Здравствените работници четири месеци се борат по 24 часа на ден, тие се преморени и потребна им е нашата помош, додаде Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

