Македонија
(Видео) Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК
„Би сакал да ја продолжиме темата која што ја отворив минатата недела на која што до денес не добивме релевантни и кредибилни одговори во однос на улогата на спорни странски консултанти во кампањата на Стево Пендаровски на СДСМ. Имено целата мината недела поставував прашања за улогата на Асаф Еисин во кампањата на Стево Пендаровски и на СДСМ. Добивме многу конфузни одговори, од една страна Стево Пендаровски кажа дека се среќавал со него, но рече дека бил консултант не негов туку на СДСМ, а од друга страна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека немаат таков консултант, но намерно и ненамерно можеби направи грешка кога кажа дека две други девојки работеле за него во кампањата кои што ние имаме сознанија дека се сместени во канцеларија која што се наоѓа во хотел на кејот на Вардар, во деловниот простор и се токму тие локалната поддршка на Асаф Еисин“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Се работи за лица кои што се вработени во ПР агенција која што има седиште за регионот во Белград, а тие се дојдени тука за да помагаат токму на ова лице. Не е тајна дека Асаф Еисин помеѓу другото е и советник или ПР експерт и на видни лица од политиката на нашиот северен сосед.
Во таа насока не добивме одговори зошто не е објавен договорот кој што СДСМ го склучила со Асаф Еисин и зошто истиот не е евидентиран како и тоа дека доколку склучиле договор за работа за на изборите се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека изборните сметки сеуште не се отворени и во моментот на почеток на ангажман не ни можеле да бидат отворени затоа што формално процедурата за номинирање на кандидати, нити за претседател, нити за пратеници не беше завршено.
До нас стигаат кредибилни информации дека ова лице е плаќано на рака, односно во кеш, од средства кои што се сомнително прибавени од страна на политичката партија СДСМ, најчесто од тендерите во РЕК Битола за кои што јас лично зборував во изминатиов период.
Па, сакаме да прашаме дали можеби странскиот консултант е платен од тендерите кои што ги доби во РЕК Битола белорускиот конзул? И дали е ова начинот на кој што е исплаќан овој странски консултант? И дали контролата се прави преку лицата кои што се сместени во деловни простории на еден хотел на кејот на Вардар, да бидам попрецизен позади Градскиот стадион?
Ова се релевантни прашања на кои што јавноста не добива одговори освен првичната конфузија која што настана после изјавите на Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски, немаме ниеден одговор.
Освен лични навреди кон мене и кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго како релевантен одговор не добивме.
Јавноста мора да ги знае одговорите на овие прашања затоа што влегуваме во кампања и мора да се знае на кој начин се финансира кампањата и кој работи во истата, и кои се целите на оние кои што работат во кампањата.
Очекувам релевантни одговори на овие прашања, доколку не добиеме вакви одговори, можеби надлежните институции особено оние кои што се поврзани со мониторинг на изборите и со следење на трошење на средства на изборите треба да посериозно се позанимаваат со овој случај“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција
Носителката на листа од коаилициката Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани.
Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.
Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово – Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.
Македонија
Ковачки: 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети
1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, ветува носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Само за Кочани планираме да одвоиме 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат. И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар. Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за проекти, реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја“, изјави Ковачки.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има
СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе го изманипулираат народот. СДС деновиве коваат две сценарија кои во суштина се завера против Македонија, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Првото е сценарио на бојкот. Европјаните и демократите од СДС кои се утепаа од крадење, сакаат да бојкотираат зошто народот не ги сака и ќе доживеат тежок дебакл. Со ова сценарио сакаат свесно да предизвикаат уставна криза. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, каде Ковачевски му оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му даде на СДС и кои. Толку е голем очајот, што Ковачевски прифаќа се, па и сите министерства да ги води ДУИ, не сфаќајќи дека поразот е и поради тоа што партијата го изгуби идентитетот трчајќи по тоа да му се угоди на Ахмети“, велат од партијата.
„И двете сценарија кои се во план во СДС се губитнички за Македонија и удираат по нејзините темели. Решението е масовна излезност. Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е масовно гласање на избори. Колку поголема излезност толку поголема ќе биде победата над СДС и ДУИ. И СДС и ДУИ мора да знаат две работи, првата е дека ДУИ заедно со СДС оди во опозиција. А втората е дека ќе одговораат за криминалот. Промените и победата е во рацете на народот. За да се запрат СДС и ДУИ и да нема уцени потребна е масовна излезност. За Македонија повторно да биде твоја“, се наведува во соопштението.