Македонија
(Видео) Николоски: Додека прават бугаризација, не забораваат да крадат
„Треба неколку работи да разјасниме пред македонската јавност. Прво, зошто сме денес овде и зошто сме како држава доведени во оваа ситуација. Доведени сме овде и во оваа ситуација затоа што на едната страна ја имаме Бугарија, која максимално ги штити сопствените национални интереси и позиции, кои не се од вчера, туку се истите од пред 150 години и се многу едноставни. И, според Бугарија, на оваа територија живее доминантно бугарско население, кое зборува дијалект на бугарскиот јазик. Тоа е една национална стратегија, која е на Бугарија веќе 150 години. А од другата страна имаме Влада што е длабоко влезена во криминал и корупција и на која единствено ѝ треба сликање за да продолжи неколку дена мандат“, истакна Александар Николоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Тој додаде дека додека во моментот пратениците во парламентот разговараат и дебатираат, во РЕК „Битола“ се местат тендери во корист на власта.
„Додека ние во моментот разговараме, во РЕК ‘Битола’ се подготвува анекс на тендерот во четири очи, кој беше доделен околу Нова година во вредност од 28 милиони евра. Значи, на 28 милиони евра тендер доделен во четири очи, додека ние разговараме овде, подготвуваат анекс, како што вчера ви стигна материјал дека ќе се гласа за задолжување за ЕЛЕМ во вредност од 100 милиони евра за дополнително таму да се прави криминал и корупција. Значи, додека јавноста се занимава со ова, паралелно криминалот и корупцијата си течат и затоа им треба уште некое сликање“, нагласи Николоски.
Посочи да нема манипулација со јавноста бидејќи преговарачката рамка ја усвојува Владата.
„И на оваа преговарачка рамка од Владаа кажаа ‘да’ уште во средината на јуни кога претставници на Министерството за надворешни работи и кабинетот на претседателот Макрон доаѓаа тука во Скопје неколкупати и се среќаваа со нив. И од оваа преговарачка рамка тие не може да мрднат затоа што кажале ‘да’. Оваа преговарачка рамка или се усвојува или се отфрла. И едното и другото може да го направи Владата, а не Собранието. Овде седиме два дена и веројатно и ќе седиме уште некој ден од причина што сакаат да си ја исперат совеста пред јавноста и да излезат во јавноста и да речат – еве, Собранието одлучи“, потенцира Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

