Македонија
(Видео) Николоски: Заев не дојде на судење со мене, избега пак

Јас сум апсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност, најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него, изјави за медиумите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Ова се работи кои се добро познати на македонската јавност, за коишто всушност суд даде и народот на изборите кои се одржаа во неделата на 31 октомври, така што самото негово непојавување во судот доволно говори за тоа на чија страна е вистината. А вистината е јасна и едноставна, тоа е дека во Македонија имаше рекет, дека предмет на рекет беа повеќе од еден бизнисмен, дека беа изрекетирани многу средства, дека имаше јасна пирамида и јасно е кој беше на врвот на таа пирамида“, посочи Николоски, кој очекува судот да донесе пресуда во негова корист.
„Се надевам дека неискуството нема да влијае на одлуката во овој предмет, имајќи предвид дека се промени судија. Досега се водеше коректно се надевам дека и така ќе остане“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дваесет и една година од авионската несреќа во која загина Борис Трајковски

Државни делегации и членови на семејствата денес ќе положат цвеќе во помен на трагично загубените животи во авионската несреќа пред 21 година, кога загина тогашниот македонски претседател, Борис Трајковски.
Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година кај Мостар. Во несреќата загинаа и Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски – пилоти на авионот.
Последниот извештај за авионската несреќа од меѓународниот истражен тим покажа дека причините за падот на „кингерот“ се седум системски грешки на пилотите. Авионот се спуштил под минимално дозволена висина, временските услови биле неповолни, а пилотите не ја почитувале стандардната процедура, да слетаат на друг аеродром. Тие решиле да продолжат со слетување. Беше посочено и дека авионот не бил одржуван соодветно.
Македонија
Македонија е делумно слободна земја, според извештајот на „Фридом хаус“

Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно слободна земја, и нема поместувања во позицијата во споредба со минатата година.
Во заклучокот се забележува дека земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување.
Македонија, исто како и минатата година, има 67 од 100 поени.
Организацијата со седиште во Вашингтон, за мерењето користи систем од нула до сто поени, рангирајќи ги земји од светот како слободни, делумно слободни и неслободни.
Македонија
Герасимовски до младите: Аплицирајте за субвенција за полагање возачки, безбедноста е најважна

„Возењето автомобил без возачка дозвола е опасно за сите, младите лица мора да имаат положено возачки испит доколку сакаат да бидат учесници во сообраќајот. Вчера, распишавме јавен повик за доделување субвенции на младите жители на Центар за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на нашата општина. Со овој чекор, преку субвенција од 10 илјади денари ги поттикнуваме младите да учат од професионални возачи, законски да можат да управуваат возило наместо да возат без возачки дозволи што е недозволиво. Безбедноста на младите во сообраќајот е приоритет!“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека возењето возило со возачка дозвола е клучно за безбедноста во сообраќајот, а за да се биде одговорен учесник во сообраќајот, неопходно е да се помине обука и да се има возачка дозвола.
Право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година, а живеат на подрачјето на Општина Центар најмалку една година.
Субвенцијата изнесува 10.000 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.
Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи:
– Барање за субвенција;
– Копија од лична карта;
– Копија од трансакциска сметка;
– Доказ за извршена уплата во автошкола; – Доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар;