Македонија
(Видео) Николоски: Не бевме удостоени опозицијата да е во првиот ред за прославата на Илинден
,,Би сакал на сите граѓани, на сите Македонци и останатите кои живеат во Македонија да им го честитам најголемиот празник, националниот празник Илинден тука од Мечкин Камен од Крушево.Илинден е симбол за создавање на македонската држава. Но исто така Илинден е порака дека треба да ја зачуваме Република Македонија, да ја зачуваме во овие денови кога е нападната, кога е обезличена, кога е понижена, кога е економски опустошена. Да ја зачуваме и да ја градиме Македонија, затоа што луѓето кои ги положи животите овде во 1903 година, ги положија за една поубав иднина и за македонската држава, а не за она што го гледаме денес”, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
,,Во исто време сакам да истакнам дека почитувајќи го големиот национален празник делегација голема на ВМРО-ДПМНЕ како што гледате позади мене е тука да оддаде почит, но очигледно на власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на Споменикот Македониум на гробот на Никола Карев, а исто така ни беше оневозможено да се упатиме и кон Слива и моравме во приватна организација да одиме на двете места.
Доаѓајќи овдека очигледно од организирани партиски луѓе исто така не бевме удостоени со соодветен пречек и прв пат се наруши традицијата која што секогаш била, а тоа е опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден.Тоа покажува дека на Заев, на СДСМ и на оваа власт им смета постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе постои затоа што тоа не му смета на македонскиот народ. Ние сме тука и ќе бидеме секогаш тука за Илинден. Затоа што Илинден е Македонија”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Владата намерно не бара екстрадиција на Груевски
Владата призна дека нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, велат од СДСМ.
Ова признание, според нив е директна потврда на сè што имаат кажано.
„Признанието го руши секој нивен изговор и ја открива вистинската врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Владата на Мицкоски е заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија.
Од Будимпешта Никола Груевски е вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е само негов извршител“.
Тоа како што додаваат од опозициската партија, се гледа и по политичките чекори кои ги презема, злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, АНБ, УЈП, инспекции.
„Напад врз независни институции, политичка хајка против опозицијата, меѓународна изолација, блокирани реформи, намалување на слободата на медиумите. Копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски.
СДСМ ќе се спротивстави на овие обиди Македонија повторно да биде заложник на Никола Груевски и на ретроградни политики кои граѓаните ги поразија“.
Македонија
За хаосот со пензиите единствена вина има владата на Мицкоски која ги излажа пензионерите, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг, велат од СДСМ.
„Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле.
Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите?
Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а немаше да го доведе под прашање одржливоста на Фондот каде дупката е над 1 милијарда евра.
Дополнително, ДПМНЕ исклучи 12.000 пензионери од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување“.
Во меѓувреме како што велат, има Одлука на Комисијата за заштита од дискриминација, која потврдува дека е сторена дискриминација и даваат рок за да направат измени на Законот кој се уште не е поднесен.
„Веќе има и судски тужби кои ќе ја чинат државата многу. Со катастрофално лошите политики на ДПМНЕ дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милијарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Ова е реалноста а се друго е спин од страна на власта“, според СДСМ..
Македонија
Жители на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски
Со уредно платени комуналии за куќите, жители на четири улици кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до Бутел, бараат новиот градоначалник да го реализира предизборното ветување и да им изгради канализација. Претставници на улиците Бел Камен, Бутелска 31,33 и 35 побараа прием и го потсетија новоизбраниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски, дека нивниот децениски проблем треба да го стави на листата приоритети, токму како што и ветуваше пред изборите.

Улицата Бел Камен е претворена во решето оти кој како стигне ја прекопува, се пожалија жителите
„Му оставивме неколку недели на новиот градоначалник да се прилагоди на функцијата, но не можеме повеќе да молчиме. Со децении ниту еден досегашен градоначалник не се амбицираше да го реши проблемот со канализацијата, а сите ветуваа дека ќе го решат. Побаравме известување од градоначалникот во која фаза е изградбата на најавената канализација оти на терен нема никакви активности, побаравме да ја обнови улицата Бел Камен која е претворена во решето оти кој како стигне ја прекопува, а бараме и жителите од овој дел од општината да гласаат во соодветната општина, не половина да гласаат во Бутел половина во Чучер Сандево, како што е сегашното решение“, вели претставник на жителите на четирите улици.

На делови од улицата Бел Камен речиси и да нема траги од асфалт
Покрај тоа што усно му ги кажале барањата, жителите од четирите улици му ги доставиле на градоначалникот барањата и во писмена форма. Му оставиле рок од 15 дена во кој ќе чекаат одговор, а доколку не го добијат ќе ги известат сите надлежни институции, а не ја исклучуваат и можноста за протести оти се решени да не дозволат да истече уште еден градоначалнички мандат без решение на проблемот.
Градоначалникот Бајовски вели дека веќе работи на изнаоѓање конкретни решенија на сите проблеми што му ги посочиле жителите и уверува дека ќе ги реши децениските проблеми кои му паднало да ги решава токму нему оти претходниците не направиле разлика.

Градоначалникот Бајовски вели дека прво ќе го стокми буџетот па потоа ќе почне со реализација на ветувањата
„Сите овие се проблеми кои не се од сега туку од децентрализацијата во 2005 година, но ќе ги решиме. За канализацијата на Бел Камен и улиците Бутелска 31,33 и 35 веќе се подготвуваме за нарачка на проект оти со сегашните проекти не се целосно опфатени. Еден дел ќе бидат опфатени со проектот за Кучевишка Бара, друг дел, оние куќи што се под патот на Бел Камен , заедно со повисоките делови од Бутелска 31,33 и 35 треба да се стават во нов проект оти нив ги нема во ниту еден досегашен. Мојата идеја е за нив да се направи посебен проект со вод кој што ќе оди покрај коритото на Серава за што ќе ни треба соработка со Општина Бутел, но сепак ќе има куќи кои се пониски од нивото на планираните канализациски водови за кои жителите бараат пумпи, но последниот збор за тоа ќе го имаат проектантите. Ќе направиме се што е изводливо“, вели градоначалникот Бајовски за „Макфакс“.
На општинарите им претстои подготовка на буџетот за 2026 година во кој треба да бидат предвидени средства за канализацијата и за обнова на улицата, а конкретни чекори градоначалникот Бајовски најави веќе во јануари.

