Македонија
Видеообраќање на Мицкоски за почеток на кампањата „Разговори за обнова на Македонија”
„Трета година Македонија живее во кошмар. Заевизмот го јаде ткивото на Македонија. Секој ден тапкаме во место, а во многу области одиме назад. Неправдата е знак на оваа власт, неработата е нивна одлика, неспособноста е нивен карактер. Нема правда, нема проекти, нема пари за народот, нема систем, нема грижа, нема идеја. Тие ја рушат државата, ја рушат среќата на луѓето, ја рушат иднината. Наместо да градат – тие крадат. Ветувањата станаа лаги, системот не функционира, криминалот царува, државата е украдена, луѓето се измамени. Едно е јасно – тие паѓаат. Врхушката сочинета од арамии губи тло. Заевизмот колабира!“ се вели во видеообраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за почеток на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“.
Според Мицкоски, потонаа во своите предавства, изгубија образ затоа што излажаа, загубија сила затоа што се силеа.
„Секој ден сè повеќе губат моќ, тоа е процес кој е неповратен и ќе заврши со нивен голем трескот. Тие се свесни за тоа, затоа се нервозни, затоа кршат закони, затоа уште повеќе рушат, и затоа уште повеќе земаат рушвет. Очајни се, слабоста ја гледаме во нивните очи, немоќта во изразите на нивните лица. Сакајќи да ја срушат Македонија, се срушија себеси! Готови се! Тоа на секому му е јасно! Изгубија! Македонија го преживеа и ова зло! Таа е посилна од сè! Заевизмот се руши и доаѓа време да се сведат сметките, доаѓа време за одговорност, доаѓа време за правда и правда ќе има! Гарантирано!
Но, заевизмот остави длабоки траги. Ја оставаат Македонија со лузни, во рушевини, во пепел. Ја оставаат Македонија послаба, помала, поранлива, во проблеми. Ние не бегаме од предизвиците, напротив ги поздравуваме и смело се впуштаме во битка да ги надминеме. Обновата на Македонија има знаење и мудрост. Има карактер и систем на вредности. Има чест и сила кои ги црпи од идеалите за Македонија.
Правда, правдини, слобода, почит, еднаквост, соживот, благосостојба и прогрес. Заевизмот паѓа, но остава проблеми!Ние не бегаме од проблемите, ние имаме решенија и одговори за нив. Ние ги знаеме проблемите и градиме програма за нивно надминување. Ние сакаме да го дознаеме и секој твој проблем почитуван граѓанину. Да знаеме што те притиска, мачи и измачува тебе како човек, кој е твојот проблем, кој е проблемот со кој се соочува твоето семејство, твојата улица, село, град, твојата фела, твоите блиски, твојата Македонија.
Затоа разговараме со вас почитувани граѓани, имаме образ да ве погледнеме во очи, да ни кажете што ве мачи и како тоа да го решиме, да ви ветиме дека заедно ќе се бориме за проблемите да исчезнат или да се намалат, и тоа ветување да го исполниме. Време е! Да разговараме, да си подадеме рака, и потоа рамо до рамо, срце до срце, да се зафатиме со работа која толку многу отсуствува во овој период.
Да забрчат машините, да згрмат работниците, да се чујат интелектуалците, да се вратат луѓето и да се вратат насмевките на луѓето, осетно и реално да се зголеми стандардот на граѓаните и стандардите во сите области. Почнуваме ‘Разговори за обнова на Македонија’! Ние стартуваме со финишот на нашиот маратон кој ќе заврши со успех!Стани Македонија! Секој еден од нас да стане Македонија, и на тој начин да помогне Македонија да стане, и Македонија да расте и да се развива, да добие во нов квалитет!Приклучи се на ‘Разговорите за обнова на Македонија’, бидејќи обновата доаѓа!”, се вели во видеообраќањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

